Ајде бре, ти ме испофали сеа тука.

Мене ми беше само ќеф да бар малку допринесам во љубовта и трудот што го посветуваш на ова кукличе, а и сеа наредното кабрио.
Гледам дека си обрнал внимание да не ги претовариш лагерите со маст, што е битна работа, бидејќи, секое „полнење„ со маст, онака до даска, предизвикува допоолнителен отпор на тркалање, а со тоа, и зголемена температура (лагерот се мучи), а чим врти на поголема температура, обично ги гори семерингот, и тука настануваат 2 проблема. Едниот е што семерингот нема повеќе да заптива од прашина и вода, а другиот е што при ролање на повисока температура, цементацискиот дел страда мноооогу побрзо.
Овој сет на лагери го користеа доста возила во минатото, и му немаше равен. Тераа и по 400.000 иљадари. За жал со воведувањето на ABS системите, овој систем мораше да се напушти и се воведоа комплети со главчини, со куглични (топчести) лагери, кои иако се технолошки многу понапред ( кај некои самиот ABS сензор е во склопот ) , далеку се понежни и при маање во дупки, настанува отисок, кој после кратко време ( 3-4 иљади км ) се прави канал, а со тоа и се завршува прикаската негова.
И да, провери го рачно лагерот што ти е променет, на подигната кола, дали лесно врти ( да не случајно си престегнал ) и секако, цимни го челно ( да не случајно си го оставил лабав ). Сега ако што е легнат од возење првично, тамн ке осетиш.