Најпросто кажано, исто како што во 1991ва сите од 1.6 вадат 105кс, а хонда со VTEC 160кс. Стручно објаснето би било вака: поголема математичка компресија (долго е објаснувањето зошто е овозможено тоа), а со тоа поголема искористливост (ефикасност), глава од фабрика спремна светлосни години пред опеловата (поголеми канали и од ПОРТИРАНИТЕ на опеловата, потенки лесни вентили и VTEC брегасти). Сето ова води кон тоа максималната моќност да се остварува и над 9000RPM, додека кај OPC максималната моќност е на 5500-6000. Кога вртежниот момент ќе го префрлиш на 9000RPM, се добиваат страшни бројки.