Може дека си сакам Опел, и не дека немаат грди коли, ама во мој очи повеќето им се меѓу поубавите во времето кога биле направени.
- Астра Ф седан, во тоа време ми беше убадливо најубава кола, и се чудев зошто постои Вектра А кога ја има колава.
- Корса Б особено во ГСИ варијанта и денес изгледа одлично.
- Астра Г кратката, своевремено беше убедливо најубава во класата, ако и денес најдам убав примерок од Класик изведбата, ќе си ја вози стариот и песна ќе пее.
- Вектра Б, за мене е можеби најубавата кола направена од Опел, не само најубава туку од се возено до сега и најкола од сите други. (немам возено многу Опели да не бидам сватен погрешно)
- Астра Х ГТЦ, и денес те тера да се свртиш по неа, освен внатре каде ми е многу дискутабилна.
- Астра Ј и К се исто убави коли ама ми го немаат шармот за да се издвојуваат како Астра Ф на времето, сега има еден куп коли и сите се такви како топки, па овие некако се вклопуваат во сивилото.
- Инсигнија првата е мада фака убава, новава исто така.
- Корса Д тривратната многу мангупско количе е.
Од не толку убавите, туку како просечни ми се:
- Корса Ц, далеку од грда ама онака ко Голф, на сигурно си со неа.
- Вектра Ц, сега можеби грда, ама своевремено ако се спореди со конкурентот Мондео, Вектрата од надвор поробусна, помоќна и поубава ми изгледаше, внатре дизастер, а како кола тенекија, ама подобра тенекија од Мондео.