Воздушниот отпор, или драг, е сила која е производ на неколку варијабли, меѓу кои е и коефициентот на отпорот и челната површина или cross-sectional area на телото:
Има тука и некои други варијабли, но ако споредуваме автомобили, овие се битните.
Значи, ако две возила имаат ист коефициент на драг, не значи дека на нив ќе делува иста сила на отпор. Помал отпор ќе има колата која што има помала челна површина.
На пример, бициклист и облакодер, имаат сличен коефициент на отпор, но бициклистот ќе е далеку поаеродинамичен, затоа што има далеку помала површина и со тоа помал драг.
Калибрата е ниска, со одличен коефициент на отпор, мала челна површина. Јас би се кладел дека при исти услови (брзина, густина на воздух), има помал драг отколку комбето „Б“ од мерцедес кое има помал коефициент на отпор.
Без википедија