Шо да споделам,Алтинтоп не мрдна 5метри,одбраната ја претрчуваа кога и како сакаат,па почнаа Мело и капитенот да се враќаат назад за да попунат,Снајдер не ја даваше додека не дојдат 3-ца до него кога автоматски му ја земаат или ја пука непрецизно. До Пандев не стигна ни една единствена употреблива топка.
Си седеа мирно Дортмунд,ги оставаа да се силат и опуштат турците,и потоа наеднаш јако ќе повлечат и немаше кој да затвори и да стигне.
Прандели секоја утакмица вади нов состав,за овој го стави Алтинтоп наместо Џемаили,иако овој вториот игра во јака форма,а првиот едвај се движи.
Бурак,па кој е тој Бурак бре луѓе.
Се труди да им угоди на националистички расположената турска јавност и тука е целиот проблем кај нив.