Автор Тема: ФУДБАЛ  (Прочитано 282106 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1785 на: 26 Февруари 2014, 02:07:23 am »
Суровата реалност :-\


Искрено ја не очекував дека Мојс уште во првата сезона ке растура се живо и диво, сепак овој состав на манчестер, особено задниот среден ред и одбраната е најкатастрофален, Астон вила има подобар среден ред него јунајтед. Во првиот дел од сезоната неколкуте лоши резултати мислев дека се ај онака лош ден, но еве во оваа 2014 календарска година толку ужасни резултати и тоа против пацерски екипи, нерешено со фулам на олд трафорд и тоа фулам е последен на табела, пораз од стоук кој е во долниот дел од табелата, сега пораз од олимпијакос, а во составот во напад ти играат руни, ван перси, валенсија, мата(ај вечерва не играше).
Друго, Мојс можеби со евертон бил во горниот дел од табелата, но сепак човекот нема ништо освоено, го нема тој менталитет за освојување трофеи, плус сега е на голема мета на медиумите за разлика од тоа кога беше во Евертон. На кому му било гајле дали евертон ке стигне до 4 место во премиер лига ?
Но со јунајтед е друга приказна, изминатите 20 години, манчестер бил гледан 13 пати на самиот врв во премиер лигата, а останатите 7 години тука околу врвот, второ и трето место, па сега и притисокот му го прави своето.

Трето, неангажираност во изминатото лето, едноставно мораше најмалку по 2 засилувања за во средниот и за одбранбениот ред да донесе.
Треба да му биде јасно дека во голем клуб треба да имаш повеке играчи за одредени позиции, играш во повеке првенства, домашното, лига на шампиони, куповите. Плус треба да рачунаш, некат ке се повреди некој играш, некат црвен картон ке заработи некој, а не со 5 одбранбени играчи го тера цело првенство и после кој е крив ?
Па се знае, менаџерот.
Во оваа ситуација треба малце и на фудбалерите да им покаже авторитет, ко на времето ферги со копачки кога го гагал гигс, па го промашил и го погодил бекам. Се знае, ако ти имаш цел како да се игра, а играчите ти играат ко свински црева, има да го промениш тоа, на терен има да гинат, а не ко манекени да се понашаат.
Одбраната моментално дува промаја невидено, нафрлени или кренати топки си проагаат мислиш Дерби каунти игра.
То е то.
GGMU :D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1786 на: 26 Февруари 2014, 02:40:57 am »
Исто е, ама не е.
Милан го продаде Ибрахимовиќ за 25 милиони, Манчестер го задржа Руни.
Тука е разликата. Ако почнат да си идат ѕвездите од тимот, може да се каже дека ке дојдеме до дереџето на Милан.
Не само што го продадоа Ибра, туку го дадоа и Силва, а останаа и без Пирло. У одбрана останаа сакатиот Бонера, дебелиот Мексес и килавиот Абате кој што не знае една топка да нафрли, Манчестер ги има Фердинанд и Видиќ, а тука е и Евра кои што се далеку поквалитетни играчи. Да не правиме споредби на средниот ред и нападот.
Манчестер има играчи за борба за титула во домашно првенство и за полуфинале у ЛШ, среќа што се дудуци тешки и катастрофа невидена сезонава, па не паѓа целата брука врз Милан.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1787 на: 26 Февруари 2014, 02:56:49 am »
Видик, Фердинанд и Евра моментално според физичката спремност би биле квалитетни одбранбени играчи за во Серија А каде се игра побавен фудбал. Во премиер лига тоа не е случај, во премиер веке не ги бива, неможат да го издржат темпото, премногу натпревари, а и нема зимска пауза ;)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1788 на: 26 Февруари 2014, 11:58:49 am »
Не збори глупости Фило,Серија А е далеку потешка него Премиер лига за играње.Најди го коментарот на Тевез после првата утакмица за Јуве и ќе ти стане јасно.

Исто е, ама не е.
Милан го продаде Ибрахимовиќ за 25 милиони, Манчестер го задржа Руни.
Тука е разликата. Ако почнат да си идат ѕвездите од тимот, може да се каже дека ке дојдеме до дереџето на Милан.

Вака, ке си паузираат фино лепо една сезона од ЛШ, ке научат да ја ценат, а не да трчкараат од терен,  и дека ке го тепаат Олимпијкос на име.

Катастрофална утакмица, заслужен пораз.

Ќе си паузираат да,ама догодина Ван Перси ќе има 31 година,а Руни 30 ќе стигне.Да не ги набројам Керик,Флечер,Фердинанд,Видич,Чичарито сака да замине и ред други играчи.Од оваа,уште едно 3-4 години ќе треба да градат тим,а тек после да се збори за освојување на некоја титула.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1789 на: 26 Февруари 2014, 18:00:46 pm »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1790 на: 01 Март 2014, 23:33:49 pm »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1791 на: 11 Март 2014, 23:22:21 pm »
Внимание !!! Гадно е !!!

Not a valid youtube URL

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7609
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1792 на: 11 Март 2014, 23:26:16 pm »
Добро дали е нормален типов ? Како бе другиве играчи од тимот не му се пуштија да му ги скршат забите на лице место. Идиот глуп, му уништи кариера на дечкото.

Еј фак, којзнае колку боли. пм/

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1793 на: 12 Март 2014, 06:46:28 am »
Е ова е црно копиле. Вакви многу ги има и во коли што возат, бездушни. Само бесење за јајца вакви буљаши.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1794 на: 23 Март 2014, 23:07:37 pm »
Сите ли бе Икс Фактор гледате?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1795 на: 23 Март 2014, 23:24:01 pm »
Можда подобро ќе беше икс фактор да гледам него второ полувреме од класиково.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1796 на: 23 Март 2014, 23:24:37 pm »
Интересно беше.

Освен ако не си навивач на Реал.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1797 на: 23 Март 2014, 23:35:51 pm »
Глума, глума насекаде. Тоа ли е фудбал? Леле, немој да дуваш во мојата насока ќе паднам во 16-етник, ќе си ги извалкам ножињата, ем ми се издепилирани, ем ми се осигурани на 12 милијарди долари. Смешки.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
New blood of old school

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1799 на: 24 Март 2014, 00:17:31 am »
Интересно беше.

Освен ако не си навивач на Реал.

Навивам за Реал, ама ништо специјално :)

Од првиот пенал за Реал, кој беше надвор од шеснаесетник со црвениот на Рамос кој немаше врска со црвен и на крај со последниот пенал. Се ова комплет го усра второто полувреме.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.