Прво да искоментирам во врска со првиот гол. И да играл Запата со рака, тоа не се суди, зошто? Затоа што прва работа Монтоливо упатува силе шут кон гол, второ топката се одбива од играч на барса кој што е на метро од Запата и трето Запата нема време за никаква реакција. Ако погледнете поубаво прво топката му лупа у глава па му се одбива у раката. Такво нешто ниту еден нормален судија нема да го досуди како енац. Е сеа на вас уефалонците тоа ви е чудно пошто сте навиканти се и сешто да ви досудуваат судиите во ваша полза.
Второ, Милан беше премногу потценет, а тим како Милан не смее да се потцени, изгледа многумина подзаборавија дека Милан е еден од најуспешните и тимови со огромна историја којшто има освоено најмногу интернационални трофеи, што у превод значи дека вакви натпреварувања му лежат. Муабетите за петарда на Сан Сиро и 1.50 коеф за Барселона у гости беа претеризам што на многумина им се удри од глава. Милан можеби настапува со најслабиот состав во ЛШ во својата историја, ама Милан никогаш не смее да се потцени.
Трето, тотално им ја разбија играта на барса, која што во второто полувреме можам да кажам дека беше надиграна. Ама баш ништо не напрвија иако имаа 65% посед на топка и 670 пасови успеаа да упатат само 2 удари кон голот на Милан. Големо браво за Милан и пожртвуваноста на играчите кои направија барса да биде немоќна.
Четврто, на Камп Ноу ќе има пенали и црвени картони, срамота ќе биде една барса чиј тим вреди стотици милиони, да биде елиминирана од еден Милан кој прави реконструкција на тимот и пола од играчите се земени на позајмица, а пола за четврт бурек и јогурт на 3 рати.
Петто, ме боли увото како ќе заврши реваншот, затоа што тимот кој што се бори некако да стигне до 3та позиција у својата лига и кој што летоска ги продаде своите најдобри играчи и скрпи каков таков состав успеа да ја помоча моќната барса.
Шесто, FORZA MILAN пушете хејтери
