Португал се спасе на крајот, а баш сакав да го примат од Данска, но што е тука е, најверојатно тие со Германија ќе одат натаму.
Шо се тиче Холандија, дефинитивно тренерот сам се победе. Не е толку слаба Холандија колку шо тренерот глупо ја поставе тактиката и играчите. Ги чува Ван Дер Варт и Хунтелар на клупа, игра со еден шпиц кој го чува цела одбрана на противникот, игра со двајца дефанзивни во средина, и плус 75 минута го вади Робен, а сака да постигнат гол за израмнување. Епа тешко, некогаш овие тренерите сами се мават со глата в ѕид.
Гомез секоја чест, како ја приме топката за првиот гол, страшно. Браво.