Автор Тема: ФУДБАЛ  (Прочитано 244027 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #210 на: 21 Февруари 2012, 13:32:59 pm »
Јас во барса повеќе ги ценам Чави и Иниеста,и мислам дека да не се тие двајца,ма не Меси  св.Меси да дојде џабе е ЧД

Синхронизацијата е доведена до совршенство во Барселона .. Некој спомна погоре, една филозофија од најмладата категорија на играчи до првиот тим...
Нешто слично што Ајакс години наназад го прави, и е во топ 3 младински школи во Европа ... Погледнете само какви фудбалери излегоа од таа младинска школа ...
Кој и да дојде во Барселона, доколку не се адаптира правата сезона, веднаш го бркаат ... Ете го Ибрахимовиќ, технички спремен фудбалер, ама не штима, исто како и Тиери Анри...
Не знам дали им фали мотивација оваа година, изгледаат мотивирани само против посилни екипи, Реал веќе како од шала го тепаат, Валенсија ја растурија пред некој ден ...

Навивам за Јунајтед од своја 10-та година, ама нема подобра екипа од нив во последните 4-5 години ...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #211 на: 21 Февруари 2012, 16:41:13 pm »
Можеби Барса е најуспешна последниве неколку години, ама никако не можам да им го смислам тоа глумење и трчање и молење по судии, значи одвратно ми е, и само поради тоа и поради ништо друго ги отсакав. Секогаш сум ги преферирал пред Реал, ама последниве 2 години нема тим во шпанско што ми е кејф кога кога победува. Иначе тоа што играат, играат дечките и Пеп стварно ги има убаво склопено, ама тоа што го напипав погоре, им праи мрља на името. Сепак секој си има право на свое мислење и да си ги толкува работите како што сака, тоа си е субјективно, а тоа што Милан е најуспешен тим од кога е воведен форматот лига на шампиони, е тоа е факт ;)

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #212 на: 21 Февруари 2012, 17:17:46 pm »
Vecer liga na sampioni,celzi so napoli ke bide interesna :)


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #213 на: 21 Февруари 2012, 17:47:08 pm »
Da da, ja sum za Celzi da izgubi debelo :D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #214 на: 21 Февруари 2012, 17:48:23 pm »
Ќе нема англиски екипи во ЛШ, нешто што не се случило од многу одамна. У секој случај ќе биде многу интересна утакмица.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #215 на: 21 Февруари 2012, 22:08:26 pm »
Наполи води,а и се надевам дека ќе остане така.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #216 на: 22 Февруари 2012, 00:23:39 am »
Go izede Chelsea

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #217 на: 22 Февруари 2012, 01:08:20 am »
Ќе нема англиски екипи во ЛШ, нешто што не се случило од многу одамна. У секој случај ќе биде многу интересна утакмица.
Тоа дека Премиер е подобра лига од Калчо ;) сега за сега е 2-0 ќе видиме после реваншите како ќе остане
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #218 на: 22 Февруари 2012, 01:18:27 am »
Ниедна екипа во ЛШ, по негатива од 4-0 по првиот меч не успела да го надомести тој резулатат на реваншот. Што значи дека Арсенал е 99% испаднат. Вториот дуел, Наполи-Челзи. Мислиш дека со онаква игра Челзи ќе успее да ја надомести таа негатива, па сиротите да не згрешеше канаваро г од гол немаа да видат. Многу тешко да се врати, така што нема да гледаме англиски екипи во 1/4 финале. Она што не ми се доапаѓа е тоа што некој од реал, барса, милан, баерн ќе се паднат меѓусебе и у полуфинале ќе гледаме некоја второкласна екипа од типот на бенфика, лион, наполи или интер кој мора да се признае е жив очај сезонава(ништо чудно и да го изеде од марсеј пошто имаат страшно глуп тренер). Искрено мислам дека Милан може да изненади бидејки беше отпишан уште од старт, сите ги наметнаа реал и барса како фаворити заедно со англискиве екипи. Видовме што се случи со енглезите, реал и барса ако се падна ко лани меѓусебен дуел ќе биде многу интересно за милан и баерн, кои што можат да улетаат од втор план.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #219 на: 22 Февруари 2012, 01:45:12 am »
Ти си исто навивач на Милан ќе се сетиш што се случи 2004 со Депортиво 4-1 првата(имам петка добиено за утакмицава во кладба со професорот лично :P),4-0 втората :D од тогаш натаму секогаш чекам да заврши и втората пред да искоментирам нешто ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #220 на: 22 Февруари 2012, 01:54:43 am »
Според мене Наполи е екипа која не игра стриктно италијански фудбал...тн. катанаџо, затоа и догураа до овде...Интер се додека не продаде пола тим заедно со Раниери, нема шанси да припари на другиве екипи од ЛШ, од таа екипа само Снајдер би го оставил. Милан ќе догураат до крајот, бар јас така мислам. Останативе се мн непредвидливи екипи...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #221 на: 22 Февруари 2012, 01:57:24 am »
Не сакам да се потсетувам, само милан може да ујебе така. Си го скратив 10 години животот од нервоза тогаш. Иначе не е исто 4-0 и 4-1 овие имаа дадено гол у гости, па и со 3-0 ќе поминеа. Многу е не реално да ја сјебат работата, али сепак шо викаш да не коментираме пред време да почекаме да помине и реваншот.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #222 на: 22 Февруари 2012, 02:32:06 am »
A со Ливерпул кога направија од готово,вересија...топката се врти,иако е нереално, не значи дека не е можно ...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #223 на: 05 Март 2012, 07:17:36 am »
Испровоциран од последните случувања околу гневот што ја обзема целата македонска јавност по срамниот пораз на нашите фудбалери од Луксембург и се почестите шпекулации дека се работи за наместен натпревар, фудбалерот на Работнички и повремен репрезентативец Панче Ќумбев со свој став околу ова прашање
 

 
   
Ќумбев укажува дека е погрешна општата перцепција дека македонската репрезентација е професионална, а оние од кои што се срамиме да изгубиме, како што се Андора и Луксембург, се аматери.

Искрената и опширна белешка со наслов "Болен ми лежи мак фудбалот" која Панче Ќумбев ја објави на Facebook ви ја пренесуваме во целост и автентично:

Може да ме разберете и вака и онака, може некој ќе се налути, ќе ми замери, ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа...

Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација... изгубивме од Луксембург 2-1. Да, изгубивме и затоа спортот е интересен... Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби. И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург. Боли точно е тоа, мене ме боли како фудбалер. Ама во што сме ние подобри од нив, од Андора, Лихтенштајн, Сан Марино на фудбалски план? Само во две работи, во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец. Во се друго сме 100 години во рикверц.

Некој ќе рече дека не сум во право, меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме.

Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме? Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата? Да почнам со ред.

Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи. Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување? Можеби 2-3, нека бидат и 3-4. Повеќе не се со гаранција. Да почнам со ред.

1. Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)

Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови. Да не играм со имиња да не ми се налути некој. Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години, само 3-4 екипи имаат помошен терен, за теретана да не зборувам. По клубовите нема доктори, масери, нема кој да ти даде апче ако те боли глава. Нашите играчи незнаат што се витамини, минерали, спортска исхрана. Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува. Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода, нема струја, нема тоалет? А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија. Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци, и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило? Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово, Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни, и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите. Знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија? По парковите со парталави топки голи и боси. Секоја чест за ретки исклучоци.

А какви се во аматерските земји може само да замислите. Секоја од нив има спортски комплекси, со помошни терени, со терени со вештачка трева, со сауни, со теретани со нова опрема. И кој е аматер тука??? Ние или они?

2. Професионалноста??

Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери. Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси, осигурување здраствено и пензиско? Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција, лекување, рехабилитација? Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?

3. Квалитетот на лигата.

Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет. Зборам за квалитет на лигата не на играчите. Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска. Да така е, за жал. Кај нас може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол, да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните. Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите. И можам да редам до недоглед ама доста е.

4. Репрезентација

За секој играч е светост, чест и гордост да се игра за националниот тим. Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи. Само кај нас постои она познатото"мора да игра". Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи, 10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико. Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е. Знаете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна, дека пола репрезентација не знае Македонски јазик? И некој ќе рече тие се играчите,нема други??? Молам? Нема други??? Ајде да прашам отворено, каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски? Каде се Влатко Гроздановски, Златко Таневски, Благојче Тодоровски, Крсте Велкоски, Борче Маневски, Миле Крстев, Димитрија Лазаревски, Баже Илијоски, Бобан Грнчаров, Александар Бајевски, Зоран Балдовалиев, Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу? Дали гореспоменативе не заслужуваат повик? Заслужуват и тоа како, само не се во шемите на одредени луѓе. Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари, што не е случај со пола репрезентација.

5. Селектор

Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака, и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра, или не мора да игра. Каде се Ѓоре Јовановски, Чеде Јаневски, Милко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Џиџи Илиевски, Влатко Костов, Илчо Георгиевски, Драги Канатларовски, Зоран Смилевски и ред други?

6. Раководство

Само едно ќе кажам овде. Каде се нашите асови Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Чирич, Ѓорѓи Христов, Тони Мицески, Митко Стојкоски, браќата Ѓуровски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири? Далеку од фудбалот за жал.

И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една. Ние сме аматери, и тоа од највисок ранг. Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња, кога ке дојде Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец. И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација, за ова тонење на фудбалот кај нас.

Толку...

Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира.

Панче Ќумбев

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #224 на: 05 Март 2012, 13:32:29 pm »
Најден е достоен противник за репрезентацијата на Македонија. ФК Пауерлајнс.