@Bojan j
Да не беше тој пенал Милан на полувреме ќе одеше со резултат за полуфинале и во вторите 45 минути место Милан да се отворат да нападнат и да примат гол од контра, Барса ќе беше таа која што ќе требаше да брка резултат за полуфинале, а Милан ќе си играше стегнато во одбрана и ќе чекаше контри. Тоа е една работа, втора работа е тоа што пеналот влијаеше многу демотивирачки. И трета работа се чудам што све се изначитав деновиве и што све пишуваат луѓево(додуша најверојатно се деца кои што од вчера гледаат фудбал и знаат само за меси и барса). Фудбалот не е само да пимплаш да имап 1021301293 додавања, фудбалот е многу повќе од тоа, фудалот е тактика, во фудбалот целта е да постигнеш повеќе голови од противникот, а не да имаш повеќе посед и повеќе додавања од противникот и повеќе шутеви кон гол, на крај се тоа паѓа во вода и се гледа РЕЗУЛТАТОТ. Барса има најдобро развиена игра, тоа е факт и никој не го оспорува тоа, и ќе беше многу поинаку да го добиеа Милан со нивната претпознатлива игра, која што на последниов натпревар ја немаше, Барса не ја играше својата игра, на Барса и помогнаа судиите, на Барса и беше страв да не и се случи првата утакмица од фазата по групи, Барса од 4 утакмици и 8 постигнати гола, 4ри постигна на многу не поштен начин, односно со помош од судии, Милан постигна 5 гола и ниеден не беше спорен. Да те потсетам на 4рите гола на Барса:
Слободен удар прекрасно изведен од Виља, нема збор за ова свака част, ама слободниот удар беше добиен по одлично изглумен фаул

Автогол на Ван Бомел кој се обиде да спречи топка упатена кон играч кој што е во офсајд

Одлично изглумен пенал од Чави

Последниот пенал многу добро знаеш како беше досуден

Немам намера повеќе да полемизирам и да расправам на темава, готово пројде утакмицата, џабе се препоставки, џабе е што би било кога би било. Барса игра најкреативен фудбал тоа е факт, но дека добива помош од судиите и тоа е факт! Само ќе те потсетам дека во тој период од играта кога Барса примија гол, паднаа во играат а Милан створи неколку шанси, на психолошки план судијата ги утепа Милан. И пак ќе ти кажам друго е на полувреме да отидеш со позитивен резултат, а друго е да се нервираш како те ебал судијата и да мислиш како да нападнеш и да постигнеш гол.