Автор Тема: ФУДБАЛ  (Прочитано 282526 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1695 на: 16 Декември 2013, 18:30:23 pm »
Очекуваш или навиваш ? :) Арсенал ќе го изеде немиен од Баерн, барем по мене. Атлетико ќе гура до финале сезонава. Како играат алал им вера.
Иако нејкев Милан да оди понатака, за да не им ги гледам гревовите, сепак важи за тим со искуство и реноме во ЛШ. Атлетико играат супер, имаат добар тим, меѓутоа немаат скоро никакво искуство во тврди натпревари од нокаут фаза. Може имаат добра и течна игра и си ги лупаат шпанските екипи у нивна лига, ама немојте да ве чуди ако Милан пројде понатака на гол даден у гости и со крајно затворена и дефанзивна игра.
Од другиве дуели би ги издвоил Барса - Сити и Арсенал - Баерн. И на двата дуели ќе има многу голови, Баерн и Барса важат за фаворити, ама мислам дека еден од нив нема да помине понатака.
Пффф, извини знам дека си навивач на Милан и дека си пристрасен, но Милан ќе го изеде за сите пари. Дома ќе го изеде 1-0, а во гости ќе го папа мимимум 3-0. На Атлетико гол не им се дава. Заеби катанаџо и дефанзива, Атлетико оди до финале годинава.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1696 на: 16 Декември 2013, 19:01:29 pm »
Не знам каде гледаш пристрасност во мојот пост, во тоа што пишав дека не сакав да пројдат понатака за да не гледам како ќе ги издува некој или во тоа што признавам дека атлетико играат супер и имаат добар тим. Не можеш скроз да отпишеш тим каков што е Милан против тим кој што нема искуство во ЛШ. Не секогаш тимовите во подобра форма и со подобра игра поминувале понатака, претпоставувам пратиш фудбал долго време и тоа треба да ти биде јасно. Максимум дострел за атлетико е 1/4 финале, каде што како што стојат работите ќе нема слаба екипа. Не верувам дека Атлетико може да помине некој од гигантиве во 2 натпревари.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1697 на: 16 Декември 2013, 20:05:49 pm »
Полека не брзајте со прогнози има многу време до февруари.Сите тимови можат да имаат пад во формата или пораст баш во тој период, а да не зборам за повреди на некој до главните играчи (Меси и Ван Перси најсвежо).Се е отворено до тогаш и сме биле сведоци како тимови кои сите ги отпишувале како на пример Челзи во 2012-та и Милан во 2007-ма освојувале трофеи.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1698 на: 16 Декември 2013, 20:07:54 pm »
Па зашто кога и да се спомне Милан дека ќе изгуби, викаш нема зашто биле искусни :) Нејсе, Реал на Атлетико не им мрднаа, немаа шут во гол. Барса не да се измачи, едвај го освоија купот, а таа лекција Атлетико ја научија. Мое мислење е дека Атлетико годинава ќе оди до финале, затоа што сите мислат дека големата тројка ќе освои (Баерн, Барса или Реал) и сите ќе заборават на Атлетико кој гази се пред себе годинава.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1699 на: 16 Декември 2013, 20:27:14 pm »
Полека не брзајте со прогнози има многу време до февруари.Сите тимови можат да имаат пад во формата или пораст баш во тој период, а да не зборам за повреди на некој до главните играчи (Меси и Ван Перси најсвежо).Се е отворено до тогаш и сме биле сведоци како тимови кои сите ги отпишувале како на пример Челзи во 2012-та и Милан во 2007-ма освојувале трофеи.

Јунајтед 99та

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1700 на: 16 Декември 2013, 20:32:29 pm »
Murinjo and Chelsea going to the final! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1701 на: 16 Декември 2013, 20:48:23 pm »
Комедија, фото и видео. ^

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1702 на: 16 Декември 2013, 21:39:22 pm »
Како не би го отпишувале Милан, практично, одглумен пенал ги однесе во оваа нокаут фаза.

Атлетико кој ги следел годинава, на 3 меча со Барса и Реал примија вкупно 1 гол. Но ајде, да не се случи некој повреда на Туран, Коке или Коста.
Плус, иде и зимски преоден рок, а утакмициве се играат во Фебруари. Се менува форма, играчи, па и тренери.
Сепак, Атлетико е голем фаворит, според мене.
ПСЖ очекувам да идат доста во оваа фаза.

Сити-Барса ке биде меч за гледање...

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1703 на: 16 Декември 2013, 22:54:50 pm »
За Милан од Јануари почнуваат нови играчи да играат, така да ке биде интересно.. :)
New blood of old school

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1704 на: 16 Декември 2013, 23:24:46 pm »
Кои ако не е тајна? Ме интересира само, или дај линк да видам кај да прочитам :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1705 на: 16 Декември 2013, 23:31:11 pm »
Џабе е тој зимски преоден рок, повеќето добри играчи да не речам 90 посто веќе се регистрирани во Лига на ампиони или Уефа, а еден играч неможе да биде во 2 тима регистриран, односно роналдо рецимо игра у реал, и да се пресели у Милан ќе нема право на настап во ЛШ.
А и стварно не ми е јасно дечки, абе Милан е тоа, страшно мртва екипа...
Мислам при какви тимови денес, ние правиме муабет за Милан...научна фантастика...
Манчестер сити, па тие се повампирија немаат утакмица испод 5 гола....Барселона без меси е тутурутка...тоа то го теала селтик не е ништо битно...ама за сериозен натпревар? не би рекол...

PSG никој никаде не го сомнува а има сега релативно лесен противник...мислам Леверкузен со години не е константен у својата игра..многу лесно ќе падне..

@Bojan J ма сега у милан Хонда доаѓа, па страшно мислам...страв и трепет...

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1706 на: 16 Декември 2013, 23:54:39 pm »
Оффф... Кејсуке Хонда, му помина времето на тој оддамна. Сити дома ќе ја расканта Барса, иако навивам за Барса. Се надевам само Меси да се врати до тогаш (така е најавено) за да не биде blow out. Леверкузен е екипа што годинава под водство на Хипија (или како и да се викаше тој) играат на задоволително ниво. Барем играа до пред некое време :) А германчишта се, не се предаваат до крај.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1707 на: 17 Декември 2013, 02:18:06 am »
Џабе е тој зимски преоден рок, повеќето добри играчи да не речам 90 посто веќе се регистрирани во Лига на ампиони или Уефа, а еден играч неможе да биде во 2 тима регистриран, односно роналдо рецимо игра у реал, и да се пресели у Милан ќе нема право на настап во ЛШ.
Играчи од што играле во тим од Лига Европа можат да играат во Лига Шампиони, што е доста голем пазар бидејќи сезонава има доста солидни тимови во Лига Европа.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1708 на: 17 Декември 2013, 02:23:15 am »
Проблемот со Милан е во тоа што не смее да си дозволи купување на неафирмирани играчи. Им треба готов производ.
Тоа е една од причините каде што се сега. Купување на играчи кои не знам по кога логика дошле да играат во Милан.

Ги продадоа Силва и Ибрахимовиќ за 65 милиони. Кака не може да изигра 2 полувремиња, во второто секогаш паѓа.
Балотели, освен мечот со Ајакс кога одработи за цел тим, украде 25 минути активна игра со фаулите, само се глупира, on and off the field.

И таа Барбара што побрзо да ја тргнат од таму.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1709 на: 17 Декември 2013, 02:57:11 am »
Проблемот на Милан е што нема ПАРИ!!!

Сигурно Галијани да ги има парите на Сити,ПСЖ,Реал,Јунајтед,Баерн и останати ќе знае кој да купи. Меѓутоа Берлускони заглави во проблеми, има 10 пресуди против него сега сакаат да му го тргнат и имунитетот и ни на крај памет не му е да инвестира во Милан. Од овој состав пола тим би биле замени споредено со тимот што ја освои титулата во 2010-та.

Единствен излез е продавање на некој кој ќе се нафати да инвестира како што треба во тимот.Слично нешто направи Морати кој кога виде дека не може веќе да се натпреварува во врвот со тие ресурси што ги има,фино лепо си го продаде клубот и си гледа фудбал на раат.

www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni