Еден сет на совети барем за desktop сајтот.
Сајтов е премногу тежок, ептен бавно отвора
https://yellowlab.tools/result/g74uf098q3 Total weight 38.0 MB на првата страна. Да речеме carclub.mk е ...4 MB. Десет пати помалку.
Имате видео на првиот ударен дел на сајтот?
https://www.dogsecurity.mk/dogsecurity/wp-content/uploads/2021/11/Slider_04.mp4 ABOVE THE FOLD е еден од најважните делови на сајтот. Ако не ми го задржете вниманието тука џабе надолу што имате.
Видеото тешко лоадира, искрено ништо не ми значи. Мене ми се потребни информации за продуктите.
Above the fold : Производи што ви се на акција. Она што ви е на менито „Акција“ треба да се прикажува тука или па понуда на неделата.
Што е со зумот?
* Продукти
- Немате сортирање - во најмала рака немате сортирање по цена.
- Направете си категорија - производи на акција
- Филтерот за цена некаде погоре би го ставил кога ќе имате фитлер за сортирање.
*Конфигуратор
- Убава замисла ама да речеме за VW имате модел кој воопшто не се продава тука. Исто и Honda. Се надевам ќе имате повеќе модели за избор и малку png сликичките за бандашите се чудни.
*Мали модификации
- Логото не ви е добро оптимизирано. Башка што тој што го спремал логото очите на булдогот не ги селектирал како што треба и ги направил прозирни.
- Коментарите од луѓето ви одзема премногу место. Може тој дел да е физички помал и да е најдолу на сајтот.