Ако не и машина за куцање да му препорачаме на човекот место тастатура.
Разликата во цената на сервисот е незначителна. Разликата во еластичноста на моторот и користабилноста во повеќе секојдневни ситуации е огромна.
Му укажав на разликите, реални разлики.
Инаку, препорачав 1.4 во однос на 1.2.
1.4 или 1.0 ќе си одлучат самите.
Како и секоја работа во денешно време, користабил оста е преувеличена, исто како и проклето старт/стоп копче, или 3.000 евра плус за сув-че.
Реални разлики? 1.0 T-GDI 100 има 25% повеќе торк (и на пониски вртежи) од 1.4 атмосот, 2 секунди разлика до 100 километри на час (во идеални услови) и полесно возење во сите можни услови. Да не праиме муабет кога ќе дојде ред за успон, па уште со некаков товар... Со 1.2 не вреди ни да се споредува.
Ако човек може да си ја дозволи финансиската разлика, која во случајов е 18.000 вс 18.400 евра за i20 во Premium ниво на опрема, нема воопшто потреба да се дискутира. Да не праиме муабет дека турбо-бензинецот помалку ќе троши.
И тебе ли те фатил некој вирус или нешто?
Што пишува тука?
Не е истото што го кажуваш?
1.4 мпи е доверлив мотор, го шинаа од возење во Сид и и30, нешто повеќе ќе троши, нешто потром на старт на зелен семафор, ќе работи за 1000 вртежи повеќе на автопат при иста брзина од 1.0тгди...
1.0 тгди го немам возено, но затоа го имам 1.0 екобуст кој го сметам за врв од сите троцилиндраши.
Искрено, од тоа што е на папир и се што е напишано и кажувано, очекував повеќе.
На тргнување на зелен семафор бил побрз?
Од 0 до 100 бил побрз?
Шо ќе ми е тоа, зарем со 1.0 ќе се кочоперам?
Да, поекономичен, но не до толку како се рекламира.
Да, потивок, но над 120лм/ч бидејки тука почнува да го подига гласот 1.4 на Хјундаи во и30 со разликата од околу 1.000 вртежи.
И толку.