Јас имав две Ниви (службени).
Lada Niva 1998 годиште 1.7 карбуратор со широки гуми, бул бар и шо ти не.
Ни серво ни клима.
Lada Niva 2003 годиште 1.7 ИНЏЕКШН, на 500 километри отиде мењачот ( четврти или петти ден купена од салон ) го сменаа под гаранција.
Ни серво ни клима.
За 5000 километри или една зима, почна да скапува на праговите. Кога ја брцале во кадата демек за антирост - машината што ја фаќала школката го покривала тој дел и сите Ниви од таа година скапуваа точно пред задното тркало.
Иначе магарица невидена.
Подлактици, надлактици, бицепс, трицепс, се оформив во пубертот со Нивата
Во Битола карбураторот трошеше 14-15л/100км бензин. Инџекшнот троеше 12л/100км.