Алкохоличари клуб, аферим

Прво сте геј, јер кога побарав празно шише од џек сингл барел, никој не понуди а сите сте пијаничишта. Еве шанса некој да даде шише празно. За ракија да си ставам ми е

Од страна купен алкохол немам ама баш ништо. Сакам да пробувам, ама не купувам. Не ми оди со наше мезе и наше друштво. Сакаме да испиеме повеќе, и ни треба евтино, односно бесплатно.
Пијам само ракија од жестоко најчесто.
Пијам од домашниот мој препек зачинет со средни коски од орев, лешник, деланки од слива и црница.
Мојата ракија за жал ја сметам за една од подобрите во Кавадарци и Неготино. Пак ќе речам, за жал.
Печењето ракија тука се сквернави и расипува на секој можен начин. Процесот се силува радикално.
Не сум ја пробал на Ставров и Ауди, чекам покани

Би го испоштувал кажаното на Симо, бела ракија без примеси од било што. Јер ракија треба да е ракија, и ништо друго.
Најдобро виски кое сум го пробал е Џек. Не сум пробувал поскапи.
Љубител сум на вотка.
Абсолут и Смирноф ми се фаворити. По препорака на Симо ќе ја пробам и Финланда.
Љубител сум и на бело вино.
Најчесто си го пијам домашниот рајнски ризлинг, кој самите го правиме дома. Не филтриран и не олеснет. Јако и не лесно вино, но сепак питко и со позитивни коментари од тие што го пробале.
Од други сорти вина што пијам е бел совињон. Кога сум во кафана бирам или ризлинг или бел совињон.
Домашни други вина сум испоштувал ркацители и белан, не мои.
Сметам дека смедеревка не е добра за вино.
Не сакам благи и миризливи вина како темјаника и шардоне.
Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk