Ги мрзи.
Јок ги мрзи, НЕ ЗНААТ ДА МАНИПУЛИРААТ со возило во простор предвиден за паркирање.
Живеам во близина на шити мол во Карпош.
Иако под шити мол и покрај него има поголем број на места за паркирање, гостите се паркираа и сеуште се паркираат низ населба, надевајќи дека ќе најдат доволно широка „полјана“ за нивното ауто.
Ги гледав од тераса шопингхоличариве, доаѓаат пред моја зграда, забележува празно место за паркирање, се збуцува челно и си оди во шити мол.
Кога се враќаа, за да си одат, 95% не знаат да возат наназад т.н. во рикверц.
90%++ не знаат да ја манипулираат колата напред, назад, лево, десно за да излезат од местото каде се збуцале.
100% немаат осет за простор.
Огромен процент си одеа дома со удрена, изгребана кола од нив самите или од некои како нив.