Со среќа нека е, и само задоволни клиенти.
За кој град си на располагање?
Не е лошо да пишеш и еден пост со цени од-до, еве јас да се пријавам за едно хемиско, на располагање ставам подземна гаража, струја, вода, може и по жештиниве да се работи.
Благодарам.
На располагање сум за цела Македонија, по претходен договор.
За пост со цени, размислувам, и најверојатно ќе го направам, само сакам малку искуство да стекнам, за да можам пореално да ги дефинирам цените, а да не ме здоболи ни мене ни клиентот.
За хемиско, конкретно, од 30 до 50 евра, во зависност од состојбата на колата, плус дистанцата која би требало да ја поминам. До 30 километри во еден правец, не планирам да калкулирам со трошоци за пат, пошто толку ми е редовниот регион (Богданци, Гевгелија, Дојран, Валандово).
Во таа цена спаѓа комплетно чистење на сите внатрешни површини, класично, "мокро" хемиско или "суво", исто зависи од состојбата на возилото и желбата на клиентот, дезинфекција на систем за вентилација со пареа, третман на кожа и пластика со УВ заштита, со трајност од 3-6 месеци и нешто гратис, по моја проценка, најверојатно перење на екстериер, ако има услови. Ако не, друго нешто.
Честито и со среќа нека е!
Кој не нуди пиво, заеби работа таму...
Sent from my SM-G780F using Tapatalk
Не пијам дур работам со екстрактор...