Автор Тема: Евра, економија и останата фискална политика  (Прочитано 30059 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #105 на: 03 Декември 2011, 02:35:08 am »
Мече, и веќе дужиш 5 000 Е на име Буџет на Република Македонија ... За глоби само ...
Подобра инвестиција и нема од тоа ...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #106 на: 03 Декември 2011, 02:40:09 am »
Мече, и веќе дужиш 5 000 Е на име Буџет на Република Македонија ... За глоби само ...
Подобра инвестиција и нема од тоа ...
Моментално сум чист,ми остана уште оваа последната да ја подмирам 12.000ден...али ако се приберат доволно средства,ветувам дека добар процент ке оди во буџет на РМ со назнака ГЛОБА  :D :D :D :D ;D ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #107 на: 03 Декември 2011, 07:21:37 am »
ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ВЕЧЕР, ДИМИТАР БОГОВ, ГУВЕРНЕР НА НБРМ

Еврото нема да пропадне, заштедите ви се сигурни!

Постојат три сценарија за судбината на еврото - најцрното, кое е најмалку веројатно, би било еврозоната да се распадне и повторно да се воведат националните валути. Јас не верувам дека тоа ќе се случи. Но, доколку тоа би се случило, заштедите на граѓаните се сигурни. Тие би се конвертирале или во денари или во соодветна валута/валути кои би настанале на местото на еврото. Во секој случај, секој штедач сам би одлучил


Евра, долари или денари. Штедачите се во дилема. Се прашуваат дали своите заштеди да продолжат да ги чуваат во евра, дали да ги конвертираат во други странски валути како, на пример, долари или швајцарски франци или, пак, да ги претворат во денари.

Првиот човек на Народната банка на Македонија, гувернерот Димитар Богов, укажува дека нашата валута - денарот, е врзана за еврото, така што за граѓаните нема разлика дали штедат во денари или во евра, освен што каматната стапка е повисока за влоговите во денари.
Сугестија до граѓаните е да не брзаат заштедите во евра да ги конвертираат во други валути.

Кое е, според вас, оптимистичкото сценарио, а кое е најцрното за судбината на еврото?
- Постојат три сценарија. Првото е лидерите на ЕУ да формираат доволно голем фонд од кој ќе ги финансираат земјите од еврозоната со должнички проблеми, а истовремено тие земји да преземат остри мерки на буџетски кратења. Тоа би било следено со засилена фискална интеграција и контрола на буџетите во земјите на еврозоната од страна на Европската комисија. Во тој случај паниката би се смирила и еврото би останало во сегашната форма при посилна политичка интеграција на ЕУ. Второто сценарио би значело дека европските лидери немаат решение за најзадолжените земји и некои од нив би излегле од еврозоната, а еврото како валута би останало да функционира во останатите земји од еврозоната. Најцрното сценарио, кое е најмалку веројатно, би било еврозоната да се распадне и повторно да се воведат националните валути.

Во однос на сите овие случувања во еврозоната, во каква позиција е Македонија?
- Македонија не може да влијае на случувањата во еврозоната. Во нашата економија во моментов нема нерамнотежи, стабилноста е на високо ниво, а банкарскиот сектор е со ниво на капитал двојно повисок од законски пропишаниот и ликвидни средства на историски највисоко ниво. Сето ова е гаранција дека ќе ја задржиме стабилноста, но ќе бидеме погодени од послабата економска активност во европските земји.

А што ќе се случи доколку девалвира еврото, какви ќе бидат последиците за заштедите на нашите граѓани?Што ќе значи тоа за економијата?
- Еврото слободно флуктуира во однос на останатите конвертибилни валути на меѓународните пазари. Тоа секојдневно апресира и депресира зависно од понудата и побарувачката за него. Ќе потсетам дека во 2000 година едно евро чинеше 0,8 американски долари . Во 2008 година, едно евро чинеше 1,5 долари. Како што еврото ја зголеми вредноста за 50% во тие осум години, може и да ја намали вредноста. Тоа е нормално пазарно движење. Заштедите во евра на нашите граѓани ќе останат да вредат исто во однос на денарот. Евентуалното намалување на вредноста на еврото во однос на останатите конвертибилни валути ќе значи дека нашиот извоз во земјите надвор од еврозоната би бил поконкурентен, а цената на производите кои се увезуваат од тие земји повисока.

Колку Македонците имаат на име на девизна заштеда и колку од таа заштеда е во евро валутата?
- Граѓаните имаат штедни депозити во износ од 157 милијарди денари од кои 65 милијарди денари се во денари, а 92 милијарди во странска валута, најмногу во евра.

Доколку дојде до пропаѓање на еврото, дали тоа би ја загрозило заштедата на граѓаните во банките? Што би се правело во таква ситуација?
- Пропаѓањето на еврото е малку веројатна опција. Јас не верувам дека тоа ќе се случи. Но, доколку тоа би се случило, заштедите на граѓаните се сигурни. Тие би се конвертирале или во денари или во соодветна валута/валути кои би настанале на местото на еврото. Во секој случај, секој штедач сам би одлучил.

Дали е забележителна појава на повлекување на евро депозити во нашите банки и нивна конверзија во друга странска валута или во денари?
- Засега не забележуваме дека тоа е масовна појава, иако не е исклучено дека има такви случаи.

Што би се случило доколку граѓаните навалат во банките да ги конвертираат заштедите?
- Тоа е слободен избор на граѓаните. Секој може да ги конвертира своите заштеди во друга валута. Банките имаат можност да ја обезбедат секоја валута од курсната листа на Народната банка на меѓународните пазари.И во тоа не би имало никаков проблем.

Што да прават во оваа ситуација граѓаните кои имаат по некое евро под перница?
- Да ги вложат во банка, бидејќи е ризично да се чуваат дома.

Дали е во моментов најсигурно да се вратат на денарите?
- Народната банка единствено гарантира за вредноста на денарот, така што штедењето во денари е сигурно. Сигурно е штедењето во банка и во други валути, но штедачите се изложуваат на курсен ризик.

Србија објави дека доколку дојде до крах на еврото, граѓаните поради конверзија во динари или во некоја странска валута ќе изгубат пет отсто од својата заштеда? Каква би била состојбата кај нас?
- Не ми е познато како дошле до таа бројка. Ќе ве потсетам дека кога во 2001 година се вршеше конверзија на европските валути во евра немаше никаков трошок за конверзија.

Укинувањето на еврото би предизвикало големи загуби за граѓаните и за економијата бидејќи сите депозити и кредити ќе треба да се префрлат на домашната валута или некоја друга странска валута?
- Дали еврото ќе опстои како валута или не, не зависи од нас. Од самата конверзија на депозитите и кредитите во евра во други валути не би требало да дојде до големи загуби. Тие би се конвертирале по важечките курсеви на денот на конверзија.

Дали американскиот долар е посигурно решение во моментов или, како што деновиве објавија регионалните медиуми, тоа е швајцарскиот франк. Или можеби е посигурно штедењето во недвижнини, акции или злато?
- Тоа е прашање за инвестиционите советници. Народната банка нема улога да дава таков совет. Сепак, секој треба да знае дека инвестирањето во кое било од посочените средства носи одреден ризик и самиот си ја сноси одговорноста за својата одлука.

Дали е точно дека државните резерви на Македонија во девизи и во злато, за само два месеци забележале намалување за дури 20 милиони евра и колку се резервите само во злато?
- На крајот на ноември девизните резерви изнесуваа 1,847 милијарди евра и тоа е највисоко ниво од јуни досега, така што не е точно дека тие се намалиле за 20 милиони евра во последните два месеци. Во последните четири месеци Народната банка нема интервенирано со продажба на девизниот пазар, туку само со купување. Девизните резерви во злато секојдневно флуктуираат зависно од берзанската цена на златото. Народната банка ја нема намалено количината на злато кое го поседува.

Весна М. БОЖИНОВСКА

извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C26362DCBCC5934E8D2149596374F74E

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #108 на: 03 Декември 2011, 07:56:55 am »
Овој типацов е последен на кој треба да му се верува ...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #109 на: 03 Декември 2011, 09:54:23 am »
Овој типацов е последен на кој треба да му се верува ...

баш така, да не очекува некој да им каже не ви е ништо сигурно вадете пари мењајте ;D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #110 на: 03 Декември 2011, 17:04:50 pm »
maci бе, дури и да е така како што власта кажува, па зар уште им веруваш ? Мило ми е што сум аполитизиран, а можда и затоа сум посвесен за настаниве што ни се случуваат. Нормално е дека Гувернерот ќе говори така, во спротивно би настанал хаос у државава, нели ? Второ, од кај па тој душава знае што ќе се случи коа е задња рупа на свиралу тука, како и ние впрочем у Европа. Читам релевантни фактори у светот и ни тие не можат да потврдат ниту да одречат ништо... јасно е дека на Еврото не му се пишува добро, ама ти ако им веруваш на владетеливе чувај си ги еврата и понатаму :)

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #111 на: 03 Декември 2011, 17:48:05 pm »
МАСОНИ МАМЕ ИМ ЕБ*М!

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #112 на: 03 Декември 2011, 18:24:28 pm »
Веќе неколку години се збора као демек доларот е готов, и за брзо ќе пропадни. Но тоа не се случи, исто и со еврото кое уште долго време ќе си го користиме.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #113 на: 03 Декември 2011, 18:35:14 pm »
maci бе, дури и да е така како што власта кажува, па зар уште им веруваш ? Мило ми е што сум аполитизиран, а можда и затоа сум посвесен за настаниве што ни се случуваат. Нормално е дека Гувернерот ќе говори така, во спротивно би настанал хаос у државава, нели ? Второ, од кај па тој душава знае што ќе се случи коа е задња рупа на свиралу тука, како и ние впрочем у Европа. Читам релевантни фактори у светот и ни тие не можат да потврдат ниту да одречат ништо... јасно е дека на Еврото не му се пишува добро, ама ти ако им веруваш на владетеливе чувај си ги еврата и понатаму :)
џиџи незнам зошто ми се нафрлаш мене  ???
јас само презентирав што кажал човекот и пренесов информација.ако ме читаш од почеток на темата ќе приметиш дека не му верувам на еврото  ;D
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #114 на: 03 Декември 2011, 18:40:22 pm »
Хахаха ИЗВИНИ !!! Дека ти го постираше текстот, а немаше пропратен коментар, па сметав дека го подржуваш :) Инаку точно е дека не ја пратам темава у целост, пошто ми е дегутантна, а тебе те поштуем превише за да те пуштам да се заебеш, не дај Боже ;)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #115 на: 03 Декември 2011, 22:11:43 pm »
Кој има во банка евра нека менува.......

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #116 на: 04 Декември 2011, 01:00:07 am »
Кој има во банка евра нека менува.......

во што??? ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #117 на: 04 Декември 2011, 01:07:58 am »
Арно шо си немам пари,ич не му ја мислам  :D :D :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Бојан

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #118 на: 04 Декември 2011, 01:32:58 am »
Најарно е во денари да се менуваат,и да има мала девалвација на денарот таа ке се покрие со каматата.И како што слушнав од Гогов на ТВ, рече дека нема причина за девалвација на денарот дури и на пропаѓање на еврото.Колку е сигурно незнам.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #119 на: 04 Декември 2011, 01:45:24 am »
Abe luge ne go slusajte Gogov so da kaze, denarot ke propadne i otidovme jabana. Od koga eur i usd se poslabi od denar, ako se sluci nekoja teska zaebancija se ke otide jabana i dolar i denar i eur