Автор Тема: Евра, економија и останата фискална политика  (Прочитано 30011 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Темава ја отворам со цел да размениме мислења за неизбежниот пропаст на еврото и еврозоната, што мислите да правите со вашата заштеда, дали би купиле долари, злато или некоја друга валута или пак би инвестирале во недвижнина акции и слично. Како да ја задржиме вредноста на нашите пари или пак уште подобро зголемиме во овие турбулентни времиња. Пишувајте од факти до шпекулации што се чуле, се може да биде од корист

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #1 на: 30 Ноември 2011, 00:01:15 am »
Злато само злато. Барем јас така мислам. Толку војни се воделе во светов и секогаш односно никогаш златото не ја изгубило вредноста. Да би бил во можност би уложувал во злато се друго ми е некако преодно.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #2 на: 30 Ноември 2011, 00:09:11 am »
Злато само злато. Барем јас така мислам. Толку војни се воделе во светов и секогаш односно никогаш златото не ја изгубило вредноста. Да би бил во можност би уложувал во злато се друго ми е некако преодно.
Епа ајде да се собереме една екипа и да копаме злато ;D ;D
се зезам

Денес мислам дека најпаметно е да ги инвестираш парите во недвижнини,и кирија ке земаш а  си ја држат и  цената :)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #3 на: 30 Ноември 2011, 00:13:52 am »
За време на рецесија (која ни тропа на врата повторпат) незнам баш дека недвижностите држат цена или паѓаат. Ела биди паметен. Интересен момент се хартиите од вредност е тука ако разработиш стратегија и добро истражување би можело да упали

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #4 на: 30 Ноември 2011, 01:20:30 am »
A zar stvarno mislite deka evroto ke propadne???

jas mislam deka toa e propaganda.

Krajot ke kaze :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #5 на: 30 Ноември 2011, 01:34:33 am »
Цената на златото моментално е превисока,кога и да е ќе почни да паѓа по малку...али мислам дека рано е да се каже сеуште,постојат повеќе опции и сценарија за понатамошните случувања
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #6 на: 30 Ноември 2011, 02:51:22 am »
Германија и Франција со сила го држат еврото стабилно ....
Ете, кризата некако во Грција ке ја ублажат ... Ама ако истото се случи со Португалија, Италија ... чао џаци ...

Имам одредена сума на Евра, и на враќање дома, ке купам или злато или швајцарски франци ....

BTW, го чекам мислењето на Фаланга на оваа тема ...

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #7 на: 30 Ноември 2011, 05:52:59 am »
Ако пропадне муабетот џабе ви се сите муабети отиде цела економија во неповрат.Ако дојде до тоа мислам дека ќе се оди со посебно исклучување на земјите една по една,а не одма крах на целиот систем бидејќи тоа би преставувало огромен шок за пазарот и би можело да дојде до нереално вреднување на продуктите.Целиот систем со еврото беше смислуван со години и сепак на крај излезе дека има мани,па замислете што би се случило ако утре прогласат дека не е веќе во употреба.Сепак мислам дека до пад нема да дојде од проста причина што првите топ 3 банки во светски рамки се европски и имаат огромен кредитен потенцијал за да издржат ваква криза,а и самото тоа кажува колку е битна Европа во светската економија и дека може да смета на помош и од други држави(Русија,Америка,Кина,Индија) кои се секако засегнати од оваа ситуација.
За инвестирање на парите споерд мене најдобро секако се недвижнини бидејќи што и да се случи ќе има некој што ќе живее под кирија ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #8 на: 30 Ноември 2011, 07:15:31 am »
Па не е ли најпаметно денари да си чуваме. Златото е нестабилно, да г купевме пред едно година дена ок, ама сега е врв, ама никгаш не се знае може и уште горе да иде ама може и доле.

Договорот за станот под кирија до вчера ни беше во евра, сега е во денари. Ипак мислам дека овој период тоа е најпаметно.

Франците се заебана работа. И кај нив посебно во последниов период има варирање. Све што имавме франци сменивме.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #9 на: 30 Ноември 2011, 07:55:55 am »
Па не е ли најпаметно денари да си чуваме. Златото е нестабилно, да г купевме пред едно година дена ок, ама сега е врв, ама никгаш не се знае може и уште горе да иде ама може и доле.

Договорот за станот под кирија до вчера ни беше во евра, сега е во денари. Ипак мислам дека овој период тоа е најпаметно.

Франците се заебана работа. И кај нив посебно во последниов период има варирање. Све што имавме франци сменивме.

Zlato si e zlato...nikogas nema da ja izgubi vrednosta a sve sto e hartija e HARTIJA i do sega na site valuti im se ima videno krajot, osven na dolarot koj ima izdrzano najveke i seuste opstojuva...



jbg...koj si se setil denes e u golem PLUS 8)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Евра, економија и останата фискална по&#
« Одговори #10 на: 30 Ноември 2011, 08:04:09 am »
Пред едно 5 години се мислевме дали да купиме нова кола или нива (плац) во Љубаниште, нивата тогаш беше околу 7 000 еур а колата беше 14 600 ги даовме тие пари место за нива за учестово и што се случи, нивата се вреди колку 3 коли а ја сеа да ја продавам дали 8 000 еур ќе и зеам...
Што сакав да кажам секогаш парите се вложуваат во земја или злато зошто вредноста никогаш нема да им падне може само да им се зголеми.
Поздрав!!!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #11 на: 30 Ноември 2011, 09:35:08 am »
Ке видиме и доларот колку ке дотрае со рекордниот дефицит на Америките ...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #12 на: 30 Ноември 2011, 09:47:21 am »
BTW, го чекам мислењето на Фаланга на оваа тема ...
Еве го Фаланга тука е. Мислењето на Фаланга е.... што да ти кажувам, мозок ме боли кога мислам, али ај, од некаде нека се почне:

Како да ја задржиме вредноста на нашите пари или пак уште подобро зголемиме во овие турбулентни времиња.

Прашањето е многу интересно ама не постои конкретен одговор. Најблиску до идеалниот одговор е: На тој начин што парите мудро ќе ги конвертираме во различни добра зависно од погодноста за нивно купување и проценката (на долг или краток рок) кога да се конвертираат повторно во пари.

Злато само злато. Барем јас така мислам. Толку војни се воделе во светов и секогаш односно никогаш златото не ја изгубило вредноста. Да би бил во можност би уложувал во злато се друго ми е некако преодно.
Бате Боле, овде мислам дека многу би погрешил кога би изиграл така. Погрешно во поглед на изборот (златото) а и во поглед на димензијата на вложувањето („би уложувал во злато се друго ми е некако преодно“). Прво не е точно дека златото не ја губи вредноста, туку напротив. Погледнете го само графиконот од Гугле. Златото некогаш било $200 за унца, сега е $1800. Ако сега цената е качена, тоа по автоматизам значи дека некогаш цената била падната. Исто како и со нафтата, порасна, па падна. Е сега, тука е заебот. Лудо е сега во овој момент да се купува злато по 1800 долари за унца. Зошто? Зошто утре кога ќе падне цената на златото си ги изгубил парите. А ако вложиш СЕ во злато, тогаш ќе изгубиш СЕ и самоубиство не ти бега.

Значи прашањето е кога да се менуваат парите во добра а кога не. Едно хипотетичко прашање: Дали би купувале злато (или недвижнини, земја итн.) во период на експанзија (обратно од рецесија)? Секако дека НЕ! Тогаш би ги вложиле во бизнис бидејќи прирастот би бил најголем. Имајте во предвид дека во период на експанзија златото е многу евтино. А евтино е затоа што нема побарувачка. А нема побарувачка зошто паметните вложуваат во бизниси зошто прирастот таму е најголем (профити). Е, ова е моментот кога би требале да купуваме злато... Ама дали би купиле? Паричката е слатка. Зошто да ја врзуваме парата во злато кога сакаме да ја оплодиме и потрошиме?

Оваа тема има многу поенти со многу различни комбинации ама не е сега време и место за многу опширност. Битното е дека финансиските шпекулации некого можат многу добро да го извадат од криза, односно да ги ублажат ефектите. Велам некого а не секого бидејќи сите луѓе не се идеално стручни и среќни. Понатаму, не можеме сосем да се заштитиме од ефектите на кризата. Не џабе во теоријата се вели дека кога одат националните економии у к***** иде се заедно со нив. Прашањето дали и кога да се врзат парите за материјално добро и во кое добро е The Billion Dollar Question на кое никој не наоѓа одговор туку само трага по него.

Јас лично би ги вложил парите (кога би ги имал) во едно пошироко портфолио на финансиски инструменти (хартии од вредност) а никако во земја, недвижнини или злато. Би вложил 33% во нискоризични хартии од вредност со мал принос (краткорочни државни обврзници и благајнички записи). Со останатите две третини би вложувал во акции на компании кои поседуваат најголем број на патенти и лиценци во светски рамки (Сименс, Епсон, Ајкон, Сеико, Sanyo) меѓутоа ова САМО во услови на светска рецесија.

П.С. Секогаш бидете свесни кога разговарате на оваа тема во кој момент и во кои услови давате изјави :) Временската рамка е најбитниот фактор при разговорите на темава :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #13 на: 30 Ноември 2011, 09:49:20 am »
Zlato si e zlato...nikogas nema da ja izgubi vrednosta a sve sto e hartija e HARTIJA i do sega na site valuti im se ima videno krajot, osven na dolarot koj ima izdrzano najveke i seuste opstojuva...
Дефинирај „крај на валутата“
Ниедна валута не доживува крај :) Валутите само доживуваат пад во споредба со злато (златен стандард) или други валути (монетарен стандард).

За инвестирање на парите споерд мене најдобро секако се недвижнини бидејќи што и да се случи ќе има некој што ќе живее под кирија ;)
Зависи од тоа колку пари те коштал станот, колку пари кошта киријата месечно. Ти се исплати да го дадеш станот под кирија ако не можеш да ги покриеш трошоците за неговото купување или изградба ни за 30-40-50 години? ;) Можеби подобро ќе биде да го конвертираш станот во пари и да се обидеш на некој друг начин.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Евра, економија и останата фискална политика
« Одговори #14 на: 30 Ноември 2011, 10:24:16 am »
некако се ми е вештачко створено со кризава и што и да направат ке ми биде вештачка и нереална работа.
А ако пропадне еврото ако има некој заштеди големи мислам дека само ке се смени во друга валута така да незнам колку реално би изгубил некој. Сигурно ке падне вредноста ама ако чувате по 50К евра во банка па купете си нешто :D не ги стискајте ;D