Новости околу бмвто..
Од кога го имам му поминав 8000км и до сега сум презадоволен.. Уље не троши, дпфот си функционира одлично, нема никаква маана..
Потрошувачката градска му е околу 10, отворено со нормално возење по знаци знае да падни и под 6л/100км
Единствено што би замерил на колава е командите на прозорци се сосема на промаршено место уште неможам да ги навикнам...Комфорт седиштата се лоши затоа што колата е многу стабилна а тие немаат добра странична поддршка.. Најдов спортски исти комплет ентериер за 250 евра, али никако не ги делат само предните...
Досегашни трошоци (некои се и од пред некој ден), чисто ради евиденција, како и представа за другите што и колку е на 530д..
-Мал сервис уље midland 5w30 и филтри mann 200 евра
-Репарирање ццц радио модул 150 евра
-Термостати х2 mahle и нов антифриз 130 евра
-Уље во автоматски менувач и филтер 270 евра
-Црево за интеркулер 50 евра
-Целосно полирање со zvizzer 50 евра
-Теписонски патосници 30 евра
Вкупно 880 евра, не рачунајќи ситници...
Пред некој ден ми стигна и навлака оргинал кроена за мојот волан, сам ја шиев и ме кошташе околу 10/15 евра..