Денес направен редовен сервис на Џулиетата на 99200 км.
Точно 10 000 км за една година.
Цела година помина во одлична состојба, возена насекаде, без посебна драма, без лочка масло под неа. Ко да е голф.
Настрана од редовен сервис сменети се предни и задни плочки. Предните ги сменив лани или пред летото, задните денес. Не дека беа потрошени ама страшно многу квичеа. Задните на ладно вадеа звук како некој воз да кочи. Тие шо ги извадов од кола беа Феродо, сега ставив TRW и е тишина.
Пред 3 недели си доби нови летни гуми.
Наредно е да се пазарат зимски гуми.
Некоја критика за колата да пишам:
- кожни седишта не сакам, не сакам, не сакам!
- прилично глупав инфотејмент систем и блутут адаптер. Не комуницира со телефон, па не пушта песни од усб, или па пушта само 3-4 песни. Не се пушта музика од усб преку централниот дел, мора од волан.... на кратко тешки глупости.... Имам најдено многу интересна андроид замена, ама незнам каде можи да се купи тоа чудо.
- Требаше да биди автоматик. Убав е менувачот, ама многу шалтање треба. Почнува да ме замара.