Автор Тема: peugeot  (Прочитано 1264 пати)

Отсутен peugeothelp

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
peugeot
« на: 01 Јули 2021, 18:33:48 pm »
Здраво другари
Имам проблем со пежо 206 хди, губи антифриз. Ја однесов колата на мајстор, било скинато цревото. Цревото ново е 50€ што во моментот ми е многу. Ми кажаа дека имало некое средство, кое се ставало во казанчето за антифриз. Со користење на оваа средство се затнувале дупчињата. Дали знаете за какво средство станува збор и дали навистина е ефикасно?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: peugeot
« Одговори #1 на: 01 Јули 2021, 18:36:13 pm »
Да не го ставаш средството, барај црево дали ново или половно.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: peugeot
« Одговори #2 на: 01 Јули 2021, 18:36:21 pm »
Не.

Посебно кога се работи за црево. Тоа не се поправа, само се менува. Метал можеби и ќе завариш, ама гума, не.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: peugeot
« Одговори #3 на: 01 Јули 2021, 18:53:49 pm »
Тоа е за затнување ако има пукнатини некаде низ моторот, а не за црево скинато. Да не си го зафркниш моторот од ништо да направиш нешто, подобро дотурај вода додека да смениш црево.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: peugeot
« Одговори #4 на: 01 Јули 2021, 19:32:35 pm »
Лето е сега не ти треба антифриз. Купи си деминерализирана вода од рамстор и доставај. До октомври имаш време да заштедиш 50 евра.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: peugeot
« Одговори #5 на: 01 Јули 2021, 21:13:26 pm »
Да си смени црево најубаво.Зависи кое црево е пукнато и каде.Сега можи да губи малку,ама можи да пукни повеќе и да изгуби повеќе антифриз/вода наеднаш и да прегрее.
Ново или половно,под хитно да си смениш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: peugeot
« Одговори #6 на: 01 Јули 2021, 21:30:21 pm »
И да се има на ум за скржавиот и сиромавиот...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: peugeot
« Одговори #7 на: 02 Јули 2021, 00:19:45 am »
Никако сретството. Тоа се користи ептен некогаш на пат ако те затекне да не прегрее. Иначе не знам што е полошо тоа сретство или да го оставиш без антифриз.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: peugeot
« Одговори #8 на: 02 Јули 2021, 09:42:09 am »
Заборави го средството. Ако имаш тенко парче на еластична гума (1-1.5 цм широко, 40-50цм долго) искористи го тоа и направи чвор каде што е скинато цревото, чисто превентивно до негово менување. Не пресилно за да не го прекинеш доводот/одводот на антифриз.

Понатаму ќе те учи маката и ќе си носиш цело време таква гума в кола. Т.Е. Пежо имаш, не Алфа.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: peugeot
« Одговори #9 на: 02 Јули 2021, 10:14:33 am »
Самко, растураат и продаваат делови за француски возила, се наоѓаат кај Стенковец:

Повели броеви:
070856991 - за муабет да си направиш
078440254 - Viber и Whatsapp
078440555 - Viber и Whatsapp

Златко, Гази Баба, повели броеви:

071273263
078273263
076273263

Само не ставај од тоа средството за да затнеш црево, жити се.