Јас мислам дека е коректно да одговориш, а не да поствуваш прашање на прашањето.
Одговорив во последната реченица, реков дека „за мене нема дилеми“. Не виде? Прашањето е само бонус, не е замена за директен одговор.
Сори ми промакнало.
Инаку, спомна изобличувања.
Добро издимензионирани и изработено појачало нема изобличувања. Не клипува, нема најчесто ни лауднес, дополнителен филтер кој се користи за подобрување на звукот итн итн. Верувам ги знаеш овие работи, да не навлагаме натаму.
А доброто напојување е задолжено баш како предуслов за добро појачало. Подобро испеглан напон, помалку брум, подобри електролити, помалку непотребни падови во звукот, итн итн...
Сеедно.
За мене тежината на појачалото е една од небитните карактеристики. Доволно ми е да фрлам поглед низ решетките и да видам некој работи што ми се интересни, за мене нормално.
Но ова важи за мене
Затоа и не искоментирав што е подобро да се купи од горе наведеното.
Греота е според мене да наведам некого да купи нешто што е тешко, како на пример руско појачало, Ероика.
Мада Ероика е нешто што беше релативно квалитетно што излегуваше од кај нив
Руска Префруска
Едит:
Во конкретниот случај што би гледал и на што би обрнал внимание доколку како лаик би требало да купам појачало.
Прво дали потенциометрите за глас, боја и баланс работат без да пуцкетаат, крцкаат, шушкаат. Тоа е најбитна работа.
Втората работа е селекторот за влез, и секелторот за звучници. Доколку крцкаат, шушкаат, се губат може да биде проблем.
Да се спореди јачината на звукот и бојата. Ако појачалото е поправано, и ако не се подесени мирните струи, најчесто ке грее многу, и звукот ке има девијација и не биде недобро избалансиран.