Автор Тема: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008  (Прочитано 1554 пати)

Отсутен miko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« на: 09 Мај 2021, 12:38:11 pm »
Здраво,
Колата дава контакт ама не пали т.е. де слуша звук на кликање.
Ја запалив на гурање за да стигнам до мајстор, и он рече дека е слаб алумулаторот, треба нов ама исто треба и да се репрограмира клучот затоа што софтверот на колата не го препознава и затоа не пали.

Ми кажа да си купам нов акумулатор и да ја однесам за 50 евра да ми го среди клучот.

Во ред ли е ценава? Имате ли некој предлог за мајстор?


Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #1 на: 09 Мај 2021, 12:54:29 pm »
Не пали заради акумулаторот. Да не го препознаваше клучот немаше да запали со гурање. Пробај смени само акумулатор и види дали ќе имаш некој проблем со клучот.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #2 на: 09 Мај 2021, 14:52:29 pm »
Само акумулатор смени и терај.

Нема врска клучот, нека не те фарбаат.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #3 на: 09 Мај 2021, 15:21:56 pm »
Нема капацитет акумулаторот и напонот при верглање паѓа под 10V при што анласерот неможе да заврти. Го имам искусено истото на иста Corsa од иста година.  ;D

BTW, Корсите имаа проблем ако ги палиш на гурање се бришат податоците од меморијата на BCM (Body Control Module) и мора да се изврши репограмирање на клучевите. Мислам дека беше решено со ревизиите 2008/9.

http://autolox.co.uk/vauxhall-corsa-d-car-wont-start-after-flat-battery-immobilised-p1632-p1678-p1679-b3114-b3925-b3929-b3977/

P.S. Имам вишок BCM од Corsa 2011 за кој го немам security code-от но некој со посоодветна опрема (Tech2, програматор) може да го отклучи. Во случај да е скроз рикнат твојот.. го купив ради што мојот не подржуваше темпомат, но дур го вградив ја продадов колата.
« Последно менување: 09 Мај 2021, 15:32:45 pm DimitarMK »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3004
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #4 на: 09 Мај 2021, 15:48:33 pm »
Нема капацитет акумулаторот и напонот при верглање паѓа под 10V при што анласерот неможе да заврти. Го имам искусено истото на иста Corsa од иста година.  ;D

BTW, Корсите имаа проблем ако ги палиш на гурање се бришат податоците од меморијата на BCM (Body Control Module) и мора да се изврши репограмирање на клучевите. Мислам дека беше решено со ревизиите 2008/9.

http://autolox.co.uk/vauxhall-corsa-d-car-wont-start-after-flat-battery-immobilised-p1632-p1678-p1679-b3114-b3925-b3929-b3977/

P.S. Имам вишок BCM од Corsa 2011 за кој го немам security code-от но некој со посоодветна опрема (Tech2, програматор) може да го отклучи. Во случај да е скроз рикнат твојот.. го купив ради што мојот не подржуваше темпомат, но дур го вградив ја продадов колата.
Da ne go prodavas opcomot? ;D

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #5 на: 09 Мај 2021, 15:51:00 pm »
Го продадов. Купи си од кај Алија последна верзија.

Отсутен miko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #6 на: 10 Мај 2021, 21:33:25 pm »
Купив нов акумулатор и се’ функционира како што треба. Фала за советите момци.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Има контакт ама не пали - Opel Corsa D 2008
« Одговори #7 на: 10 Мај 2021, 21:47:51 pm »
Здраво,
Колата дава контакт ама не пали т.е. де слуша звук на кликање.
Ја запалив на гурање за да стигнам до мајстор, и он рече дека е слаб алумулаторот, треба нов ама исто треба и да се репрограмира клучот затоа што софтверот на колата не го препознава и затоа не пали.

Ми кажа да си купам нов акумулатор и да ја однесам за 50 евра да ми го среди клучот.

Во ред ли е ценава? Имате ли некој предлог за мајстор?


се зависи од колите... мојата стара фиеста мк4, 1996, има кодирано палење и имобилајзер... РИКНА осигурач и НЕМА ни верглање ни ништо... сменив осигурач и си работеше...Арно ама требало да најдам мајстор да ГО ИСФРЛИ имобилајзерот софтверски, затоа што по 3 месеци изгореа некој контакти во имобилајзерот, па поправката ме чинеше 100 евра...
После разбрав дека во Белград има компјутерџии што  уште на исправни ама  СТАРИ коли го исфрлуваат софтверски кодираното палење, со команда на ЦПУ, чини може околу 20 евра , ама си на рад... не само што поправката  на имобилајзер е скапа, туку ако се случи кварот во некоја вукојебина или странство ќе го видиш господ во пиџами