Со бензинците на ФВ нема ништо егзактно, освен тоа што моторите се недоверливи. Тоа е сигурно.
Мене ми губеше снага во возење. Не беше изгорен вентилот, туку во почетна фаза беше.
Можеше и 50-60 километри да ги поминам без проблем. Па да се појави проблемот. Со гаснење и повторно палење, проблемот го снемува, но пак се појавува.
Пробано со различни горива, со промена на МАП сензор, промена на ЕГР, промена на бобини и свеќици, чистење на дизни и адитиви за гориво, рамнење глава, нови вентили, водилки и сВе што оди таму.
Лесно се проверува изгорен вентил. Пишав претходно.