Мислам дека треба да пишам поопширно малк околу зафатов.
Прво не се навредив и фала богу секој може и ако е член на форумов треба да даде свое мислење какво и да е.
Како што напоменав многу пати во темава си се изначитав за колава уште пред да ја купам (во главно тоа беше околу ланецот) па сретнав и некој проблеми со егр кој прво пробале да ги решат со нов егр и на крај завршиле со чистење. Зошто е тоа така. До скоро јас не ни знаев што уствари е егр па така си погуглав уште малку и еден имаше објаснето дека колава ради емисии малку повеќе враќа издувни гасови назад во мотор со тоа и побрзо ќе се затне горе исчистеното. Пример давам не ме фаќајте за ситници ако постарата генерација ќе враќа 15% оваа враќа 30% од издувот. Да беше ова на 190~200К км би било таман, вака се стварно малку км. Штознам можеби моторов е исфорсирано Еуро 6.
Дали сметам дека е добро и паметно тоа секако не јас се заебавав со чистење не тој што го смислил ова
но се тешам дека средив па здравје следниот газда ќе му ја мисли кога ќе дојде пак за чистење.
Зошто се решив за ова.
Кога отварав за ланецот се гледа усисот и приметив дека има доста гареж насобрано па ми беше во мисла цело време и си реков на пролет ќе го чистам.
Во меѓувреме ми појави неколку пати „чек моторот“ и се изгаси па потоа светна за DPF (лажна тревога мислам имам пишано и за тоа) ја однесов во сервис им реков да средат и дпф и да видат зошто се појавила сијаличката.
Ми кажаа одма дека имало намелен проток на воздух низ егр (очекувано) си викам и така е таму колата мене не ми е познато тоа нека средат све.
Но после некое време пак појави check engine на кратко и знаев дека работата не е завршена како што треба (по сликите заклучете сами што уствари било исчистено тогаш јас мислам ништо). И така морав да засукам ракави да не дојде до вистинско оштетување на егр от кој моментално е скап и да дише колата како што треба нели.
Загрева сега колата како што треба?
загрева лето е.
Досадно ќе му биди со нова кола. Нема шо да чачка.
Одлично чистење си му направил. Каква разлика сега се осети на колата?
Разлика има подобар респонс на гаста, малку порано и подобро повлекува но нешто што не очекував многу се стиши моторот внатре е штама не дека не беше ама сега... милина.
Ова неможам да го сметам како отварање на мотор нема ништо околу моторот во случајов. Дека е рано рано е... пишав и зошто е тоа така.
Исто така неможам и да кажам дека зафатов е поради дефект, реално не е, секоја кола со егр го бара истово на одредено време, рутина е.
Кога веќе спомна Саше за продавање има некој шанси за некое време да иде колава на продажба од други побитни причини но сега за сега останува кај мене и мора да ја чувам за да служи