Автор Тема: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX  (Прочитано 53392 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #390 на: 15 Јуни 2022, 21:04:27 pm »
И покрај крајно инспиративните и длабоки мислења од некој членови во кој што се спомнуваат тешки зборови како: дебили, глупави, без ентузијазам луѓе и сл. уште стојам на ставот дека членот треба да ја продаде колата од досегашното искуство со неа кое што ЈАС го гледам и сфаќам.

Секако алал му вера што има знаење и пред се нерви за се овоа да чачка, ја има мојата почит и восхит. Сепак ова е речиси ечиси а на нова кола од мерак други работи се прават, не се чисти ЕГР, отвора мотор за промена на Х делови, клима полнење, проблеми со греење и сл. На база на тие работи што ЈАС ги гледам во темава, ЈАС сметам дека тоа е правилно за само 15.000км. Секако крајниот избор и збор си е негов. Ако сметаат мислењава што ги даваме може слободно да побара и нема да пишуваме. Незнам зошто се треба розово и убаво да е напишано. Треба да не е навредливо, ова не е.

Спортски Поздрав
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #391 на: 15 Јуни 2022, 21:12:34 pm »
Колата има 130К, нема 13К. Како што кажа тоа е твое мислење, секој си знај за себе. Инаку да не се разбериме погрешно коментарите од претходниот мој пост не беа насочени кон никого посебно, тоа истотака беше само мое мислење.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #392 на: 15 Јуни 2022, 21:19:02 pm »
130к не се многу како километри, воопшто. Еве Пежо 208 1.6 хди земавме за службено на почетоков на годинава(со 118300 според километражник и од тогаш имаме поминато скоро 14000км и немаме ни масло сменето, секако го добивме со сменето масло од кај што го купивме. Секако на секоја кола може и прашање на време е кога ќе и се случи некој дефект, било мерцедес било бентли или опел, само сметам лично дека доста мака и нервози виде Книгхт со колава па заради тоа и му сугерирав тоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #393 на: 16 Јуни 2022, 08:25:13 am »
Нека ја тера, на толку зафати барем сега џабе ќе ја дава, друга да земи пак ќе сака да ја отвора, вака не му остануваат многу работи за чепкање.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #394 на: 16 Јуни 2022, 09:36:12 am »
Нека ја тера, на толку зафати барем сега џабе ќе ја дава, друга да земи пак ќе сака да ја отвора, вака не му остануваат многу работи за чепкање.
Тоа да, само да не испадне приказна без крај :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #395 на: 17 Јуни 2022, 17:23:04 pm »
Мислам дека треба да пишам поопширно малк околу зафатов.
Прво не се навредив и фала богу секој може и ако е член на форумов треба да даде свое мислење какво и да е.
Како што напоменав многу пати во темава си се изначитав за колава уште пред да ја купам (во главно тоа беше околу ланецот) па сретнав и некој проблеми со егр кој прво пробале да ги решат со нов егр и на крај завршиле со чистење. Зошто е тоа така. До скоро јас не ни знаев што уствари е егр па така си погуглав уште малку и еден имаше објаснето дека колава ради емисии малку повеќе враќа издувни гасови назад во мотор со тоа и побрзо ќе се затне горе исчистеното. Пример давам не ме фаќајте за ситници ако постарата генерација ќе враќа 15% оваа враќа 30% од издувот. Да беше ова на 190~200К км би било таман, вака се стварно малку км. Штознам можеби моторов е исфорсирано Еуро 6.
Дали сметам дека е добро и паметно тоа секако не јас се заебавав со чистење не тој што го смислил ова  ;D но се тешам дека средив па здравје следниот газда ќе му ја мисли кога ќе дојде пак за чистење.

Зошто се решив за ова.
Кога отварав за ланецот се гледа усисот и приметив дека има доста гареж насобрано па ми беше во мисла цело време и си реков на пролет ќе го чистам.
Во меѓувреме ми појави неколку пати „чек моторот“ и се изгаси па потоа светна за DPF (лажна тревога мислам имам пишано и за тоа) ја однесов во сервис им реков да средат и дпф и да видат зошто се појавила сијаличката.
Ми кажаа одма дека имало намелен проток на воздух низ егр (очекувано) си викам и така е таму колата мене не ми е познато тоа нека средат све.
Но после некое време пак појави check engine на кратко и знаев дека работата не е завршена како што треба (по сликите заклучете сами што уствари било исчистено тогаш јас мислам ништо). И така морав да засукам ракави да не дојде до вистинско оштетување на егр от кој моментално е скап и да дише колата како што треба нели.

Загрева сега колата како што треба?

загрева лето е.

Досадно ќе му биди со нова кола. Нема шо да чачка.
;D

Одлично чистење си му направил. Каква разлика сега се осети на колата?

Разлика има подобар респонс на гаста, малку порано и подобро повлекува но нешто што не очекував многу се стиши моторот внатре е штама не дека не беше ама сега... милина.


Ова неможам да го сметам како отварање на мотор нема ништо околу моторот во случајов. Дека е рано рано е... пишав и зошто е тоа така.
Исто така неможам и да кажам дека зафатов е поради дефект, реално не е, секоја кола со егр го бара истово на одредено време, рутина е.

Кога веќе спомна Саше за продавање има некој шанси за некое време да иде колава на продажба од други побитни причини но сега за сега останува кај мене и мора да ја чувам за да служи  :D

 

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #396 на: 17 Јуни 2022, 17:30:07 pm »
Повторно да се рчнам ;D

Светнало сијаличе поради некој дефект :D
Во случајов насобран гареж.

Сега со сликиве да им отидеш на тие што чистеле со опашката, племето нивно.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #397 на: 17 Јуни 2022, 18:19:59 pm »
А ако прочита дека колава имала толку многу работи што можат да се раcипат посебно тоа со ланчето, зошто уопште ја купи? Не влегуваше во игра друг модел?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #398 на: 17 Јуни 2022, 18:35:37 pm »
Повторно да се рчнам ;D

Светнало сијаличе поради некој дефект :D
Во случајов насобран гареж.

Сега со сликиве да им отидеш на тие што чистеле со опашката, племето нивно.

И влечките кога ги носам на плажа им се лепи песок ама не приметувам, штом згазам на асвалт/бетон не се оди со нив веќе. Ги мавам да се истресе и викам мамата ваша пак сте дефект сте насобрале песок ;D ;D

А ако прочита дека колава имала толку многу работи што можат да се раcипат посебно тоа со ланчето, зошто уопште ја купи? Не влегуваше во игра друг модел?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk




Кој се тие толку многу работи?
Мене освен затегачот на ланецот ништо не ми се расипало, додуша тој расипан бил уште пред да ја земам.

Ако прогуглаш за било која кола ќе најдеш примери за најразлични дефекти кој незначи дека на сите им се десиле, многу се преувеличува и затоа не земав здраво за готово многу многу од тие информации.

Мене ми фати око колава и не барав нешо многу други модели, а за да земев нешто по премиум да биде поново со помалку км ми фалеа 6 ~7К евра. Исто важи и за нов ceed како што беше првичниот план.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #399 на: 17 Јуни 2022, 19:24:47 pm »
А ако прочита дека колава имала толку многу работи што можат да се раcипат посебно тоа со ланчето, зошто уопште ја купи? Не влегуваше во игра друг модел?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Како и да гледаш нема кола што нема проблеми осебено половна кола, што и да земел исто ти е... И јас сакав пежо со бмњ мотор иако сите го ругаат и си го купив. Не се проблем колите нашите "мајстори" се проблем што се научени на застава да работат само :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #400 на: 17 Јуни 2022, 19:42:58 pm »
Да да, се согласувам со двајцата, ама на пример ко што имаа bmw проблем со ланчињата на некои мотори, 1.6 tdi со дизните и слично, така и оваа има проблем со затегачот на ланчето. Иако е само еден проблем ипак посериозен е. Затоа и толку многу мајстори не се нафаќаа.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #401 на: 17 Јуни 2022, 20:11:49 pm »
Да беше голф ке немаше ваков муабет ова дека опел

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #402 на: 17 Јуни 2022, 20:35:05 pm »
Голф:

"Брат, се дешава, то е, битно да се погоди."

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #403 на: 17 Јуни 2022, 22:02:03 pm »
Ke nemashe ako nemashe stanje ako imashe kenimashe i za nego, ne tuku se tripajte

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #404 на: 17 Јуни 2022, 22:25:24 pm »
Затоа на тси на 60.000км мењаваа ланче

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)