Страв ми е да не се подречам, затоа ќутам
Обично ако од нешто се пофалам почнуваат да настануваат проблеми. Презадоволен е мал збор за тоа колку ми е погодена колава. Воодушевен сум со силата на моторот во релативно помало возило и само можам да замислам колку е подобро да е 350-400кс.
Сега сум на 135ккм и се е во ред. Затемнети прозорите, активиран S5 Virtual Cockpit преку OBD11, ама треба со лонг кодингот да се позамарам зошто до 8 е обртомерот кога сум во тој мод и ме нервира.
Променети предни плочки и ставени ATE пред 13ккм и не сум задоволен од плочките овој пат ама тоа е.
За 2000км имам повторно сервис и тоа е тоа, се надевам ќе остане се вака. Со план сум за брзо да ја продавам ама срцево воопшто не ми дава зошто воопшто немам идеја што да земам следно и колава ми е претерано легната.
Накратко тоа е.
Еве неколку слики, да не биде штур постов.