Пред неколку месеци забележав дека предното лево долно поткрило ми е малце напукнато и фала богу дека многу ме нервираше тоа и решив да го сменам.
Бев да порачам ново во Порше уште тогаш, но го немаше на лагер тогаш во магацините од каде што зимаат они и остана така работата. Случајно пред 10-ина дена бев до Порше да земам АдБлу па прашав за делов повторно и овој пат го имаше на лагер така да го порачав, стигна за неколку дена и го земав, цената на пластикава е 1.777 денари и ме изненади колку е ефтина. Очекував барем околу 100-ина евра.
Кога стигна делов видов дека е прилично едноставен за смена, а имам од алат се што е потребно, така да решив да го сменам во неработниов Понеделник.
Првен еве слика од местото што беше оштетено на старото подкрило.
Еве слика и од новиот дел.
Се спремив со сиот потребен алат за да можам да сменам во двор.
Се поставив во дворот во соодветна сенка
И почнав лека полека со работа, првен го олавив тркалото, па ја кренав на дигалка....
Потоа релативно лесно одштрафив 5 торкса кој што беа во подкрилото, 5 одоздоле, 1 крстач кој се наоѓаше зад дискот доле и еден осигурач. Два од штрафовите беа со некој чуден навој кој потоа ми направи малце проблем ама за тоа подоле.
Потоа кога пробав да го ставам видов дека нема да влезе се скроз смут па малце го олабавив и платненото подкрило за да успеам да го спровнам пластичното подкрило и релативно лесно ги заштрафив сите штрафови, со исклучок на двата долни кој што се врзуваа со заштитата зад моторот. Фала богу дека не успеваше никако да се заштрафат на лесен и културен начин па фанав демонтирав скоро се одново, ги извадив металните клипови од старите (кој се поголеми и поквалитетни) и ги заменив со тие на новото. Еве ги копилињата.
Потоа релативно се лесно и брзо вратив назад, монтирано спојлерчето доле, престегнато се рачно за да се уверам дека е стегнато како што треба и тоа е тоа. Еве го делот монтиран.
На крај секако вратено и тркалото, провозена колата и потоа повторно проверени и престегнати штрафовите. (Ова од Симо запамтив кога вади тркало дека така прави).
Успат визуелно проверени и дисковите, амортизерите, подвозјето и се е во одлична состојба.
Тоа е тоа. Релативно брзо завршив со се, да не беше закачкава со двете метални стеги за помалце од 1 час ќе завршев се. Вака околу 1.5 часа ми одзема.