Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9  (Прочитано 58518 пати)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1834
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #315 на: 30 Ноември 2022, 21:28:02 pm »
Убаво доловено. Во споредба со претходната а4 ка сепак различни годишта итн. Во поглед на одржавање има голема ценовна разлика?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #316 на: 30 Ноември 2022, 21:30:59 pm »
Ретко искрен и реален си Саше. Не те познавам лично ама у следна прилика здравје.

И мене ме интересира истото од претходнит пост, има голема разлика во оддржувањето со А4?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #317 на: 30 Ноември 2022, 23:06:33 pm »
3.0v6 е миниум шо треба да се има,ама пошо сакаме фенси патики,фармерки,саати,мобилни,одмори,викенди си кратиме на секојдневната насмевка. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #318 на: 01 Декември 2022, 09:10:55 am »
@kire95  @AUUU Додека не се расипе нема некоја уау ценовна разлика, ако се расипе нешто верувам станувам поголема доста разликата и тоа највеќе заради моторот, се надевам нема да дознаам, или пак што покасно да дознаам точно :D

Нормален сервис за ова е 11.000 кај Митревски, за старото беше 7000, но ако земеме во предвид колку се покачија цениве во последнава година веруваам дека и за старото сега е минимум 8000, така да 50 евра ете. Во овластен се сулуди цените, 25000 е за ова, 15000 е за А4 2.0 ТДИ (последен пат кога правев).

Задни дискови во Порше за ова се 26.000 денари заедно со плочки, за другото беа околу 15/16.

Гумите се поскапи значајно али 17 вс 19, така да јасно е зошто, на пример во сегашна димензија што ги возам гумиве се одприлика 5000 поскапи него ли гумите на A4 (Мишелин ПС4 и ПС5 споредувм, значи исти малтене). Но, како што реков инфлацијава игра голема улога, во Мај ги земав гумите ПС5 по Х денари од гума, сега имав потреба да менувам една гума заради оштетување ама кватро (мора да се исти) и земав 2 гуми, по Х + 2000 од гума, така да неможам да направам конкретна споредба.

Потрошувачката е таму каде што е најмалата разлика. Грубо е помала од 1 литар, а најчесто е околу 0.5л така да тоа е скоро па занемрливо.

Други трошоци не ми текнуваат вака напамает, слободно прашајте.

Еве ги новите гумици






« Последно менување: 01 Декември 2022, 09:26:41 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #319 на: 01 Декември 2022, 15:10:00 pm »
Многу убаво возило а и убавки пневматици си му зел, туку што ми текна, не си размислувал за дистанцери бе да и ставиш, мислам дека ке го отвори аутото малце и ке биде значително посимпатично. Шознам, вака од око зборувам, не сум експерт, ама вреди да размислиш.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #320 на: 01 Декември 2022, 15:11:42 pm »
Многу убаво возило а и убавки пневматици си му зел, туку што ми текна, не си размислувал за дистанцери бе да и ставиш, мислам дека ке го отвори аутото малце и ке биде значително посимпатично. Шознам, вака од око зборувам, не сум експерт, ама вреди да размислиш.
Знаеш дека си прав, гледам колава авион, ама нешто како да ми фали на сликите... Убаво си приметил.

Мислам дека Никола ставаше кај него, да сподели искуство :)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #321 на: 01 Декември 2022, 15:18:46 pm »
Многу убаво возило а и убавки пневматици си му зел, туку што ми текна, не си размислувал за дистанцери бе да и ставиш, мислам дека ке го отвори аутото малце и ке биде значително посимпатично. Шознам, вака од око зборувам, не сум експерт, ама вреди да размислиш.
Знаеш дека си прав...


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #322 на: 02 Декември 2022, 14:26:21 pm »
Чим најдовте да му замерите на Никола за коментарот, ко којзнае што предложил, очигледно е колку сме остареле, Карклуб Геријатрија едишн ;D


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #323 на: 02 Декември 2022, 20:15:25 pm »
И јас треба да ги сменам летните, иста димензија ми се а се мислам што да возам оваа тура летнј. Чекам ревју.
П.С. Тој ТБ што го есапиш не е репер. Ако сакаш ќе се договориме за средба...

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #324 на: 02 Декември 2022, 20:47:27 pm »
@miksi Сигурен сум дека 3.0 V6 ТБ е одличен мотор, но мислев во смисла на потрошувачка, не на перформанси секако. Штом овој троши 7л/100 просек со 1.5л, деактивација на цилиндри, мајлд хибрид, коустинг цело време и сл.... Веројатно тој би бил 11/12.
Друга негативна работа е што во S5 бензинецот оди само пред ФЛ, тоес како мојата, ако сакам ФЛ, а сиг би сакал тогаш треба дизел, а спортско возило и дизел не ми оди толку. А и ова е 5.3 до 100 фабрика, тоа е 4.9 до 100 фабрика. Многу мала добивка за толкави гимнастики. Како и да е, се бива во животот па ќе видме. Уште 1 год сигурно ќе ја возам оваа.

Што се однесув до гумите, од нив сум многу задоволен, до сега најдобра гума што сум ја возел. Летово за жал поминав само 10.000км со нив, што заради тоа што 25 дена ги чекав гумиве ги немаа на лагер, па после Сеатот го возев само скоро 1 месец дека ново и интересно и отиде летото :D.

Перформансите се одлични, до сега никогаш не попуштиле  сум праел некој егзибиции за да пробам, сосема се комфорни како за 255/35 и би рекол за некоја нијанса по комфорни во споредба со предходните Conti SC5P. На дожд пробувам да не претерувам така да неможам да кажам како се во крајни граници на влажно, но верувам дека се добри и таму.

Нешто што највеќе ме изненади е тоа колку малку се трошат, како што напоменав, оштетена ми беше задната гума после точно 10.000км возење и порачав 2 нови па направив едно мерење со дигитлен шублер и резултатите се овие:
- Нови Гуми = 7мм
- Предни возени 10ккм = 5.8мм
- Задни возени 10ккм = 6.2мм.

Така да со оглед на нивото на перформанси што го нудат јас сум презачуден од тоа колку малку се трошат. Верувам дека би издржале 40.000км без никаков проблем и тоа на возило тешко 1700кг со 600NM и со тежок мотор напред. На бензинец може да е само подобро.

Од мене имаат препорака.

Ако сакаш нешто поспортско би ти препорачал да одиш на Michelin PS4S или GY Eagle F1 Assy5, но верувам ќе бидеш презадоволен и од овие.
« Последно менување: 02 Декември 2022, 20:53:37 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #325 на: 02 Декември 2022, 21:14:50 pm »
До сеа беа GY assy 5. Одлични се, ама традицијата вика дека гума не се повторува. Размислував за Bridgestone potenza sport ама ќе видиме...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #326 на: 03 Декември 2022, 01:17:21 am »
- Нови Гуми = 7мм
- Предни возени 10ккм = 5.8мм
- Задни возени 10ккм = 6.2мм.

Така да со оглед на нивото на перформанси што го нудат јас сум презачуден од тоа колку малку се трошат. Верувам дека би издржале 40.000км без никаков проблем и тоа на возило тешко 1700кг со 600NM и со тежок мотор напред. На бензинец може да е само подобро.
Ако за 10.000км се изеле 1,2мм тогаш за 40.000км би се изеле 4 пати повеќе, значи 4,8мм и би останале 2,2мм шара на крај. Таман како што велат и производителите.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #327 на: 03 Декември 2022, 13:17:42 pm »
До сеа беа GY assy 5. Одлични се, ама традицијата вика дека гума не се повторува. Размислував за Bridgestone potenza sport ама ќе видиме...

Аssy 6 мислев, збунка :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #328 на: 14 Јануари 2023, 11:16:18 am »
На 118ккм сервисиран панорамскиот стаклен покрив. Препорака е секој сервис да се сервисира (2 год или 60ккм) па се решив да го средам заради тоа што за скоро еден месец се наближуваат 2 години одкако ја имам, последен пат е сервисирана пред да ја земам од салонот во Германија, и последно време почнаа да се јавуваат некој звуци мали кога е ладно наутро.
Под сервис се опфаќа вадење(предниот дел со дифузерот што се крева) и чистење на целиот механизам и потоа подмачкување со оем мазиво на сите подвижни делови и подмачкување на сите гумени делови со друга маст(барем така треба да е во теорија :D ).
Звуците ги снема, и механизмов на око е повторно чист како што треба. Сервисирањето е направено во Порше Македонија.

Си купив и бош аеротвин бришачи, ги немам уште ставено зошто Ок бришат и вие ама нека се најдат, и тие се 2 год стари кога тогаш ќе почнат да не бришат како што треба.



 
« Последно менување: 14 Јануари 2023, 11:27:18 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #329 на: 14 Јануари 2023, 14:13:19 pm »
Дистанцери ќе ставаш?


:)