Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9  (Прочитано 58444 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #120 на: 11 Март 2021, 15:55:55 pm »
мислев нозете подугачки дека се ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3470
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #121 на: 11 Март 2021, 16:03:17 pm »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #122 на: 11 Март 2021, 22:12:06 pm »
Нозе може низ панорамата, глава не. Не е толкава :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3470
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #123 на: 11 Март 2021, 23:31:57 pm »
Проба бе? 😂

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #124 на: 11 Март 2021, 23:42:18 pm »
Не не, се гледа од далеку и ти па, мало количе е ова :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #125 на: 12 Март 2021, 19:30:44 pm »
Плус ладно е уште.
Уствари, од ладното може да почне да се тресе повеќе, па да добиеш пријатни вибрации :)

D-r Ordevski


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #126 на: 12 Март 2021, 21:29:38 pm »
Измислиле луѓето хотели и мотели за таа намена :D

Инаку на тема колата, денеска направив нешто над 2000км од како ја возам, се позадоволен и позадоволен. Првпат ја стиснав малце повеќе по кривините (за жал многу полиција има периодов па возам во граници на нормалата). Просек за овие 2000км е 8.0л со 36км/ч просечна.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1834
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #127 на: 12 Март 2021, 22:42:35 pm »
Се моли @Tommy да сподели импресии од денеска :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #128 на: 17 Март 2021, 18:58:29 pm »
Се моли @Tommy да сподели импресии од денеска :D

Мхх, прекрасно количе, прекрасно. Нажалост, сликите не и прават услуга на бојата на колата, која е импресивна во живо, вака на слики е онака, мех. Разликата е позабележителна во различни режими на работа, заради појакиот мотор.

Делува дека воланот иде многу полесно кај него, и дека има попрецизно управување, заради пониската гума. Начинот на кој стига лесно до големи брзини ме потсети на GTD-то и на Edition 30-ката. Иде до 6 месеци дозвола зимање за неколку секунди.

Ако би барал влакно на јајцето, само бандажите би ги сменил за 19-ките од новата А5-ка, во ган метал боја. Мислам дека потемен бандаж во комбинација со Black Optic Pack која веќе го има колата, би ја направил уште поза*ана :).






Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #129 на: 17 Март 2021, 20:33:40 pm »
Се слагам и јас, овој бандаж што го стави @Tommy е 19-ка што највеќе ми се свиѓа и е нај ретка за наоѓање. Најмалце возила видов со тој. Искрено ако го најдам би го трампал за овој сега што го имам и да доплатам секако. Но тешко дека ќе се оствари тоа така да ништо од таа идеја. Искрено на колава и општо на било која кола што би ја имал би ставил само ОЕМ бандаж или некој од проверена марка но со скроз точен ЕТ како што препорачува фабриката. Иако и бандаживе сегашни ми се свиѓаат досат, истите се дел од Audi Sport додатоците така да се скроз Ок.
Кај Quattro мора да се обрнува многу внимание на точната димензија на бандаж и гуми, грешни бандажи или гуми може да направат озбилен проблем.
Имам време до следното зимо да најдам некој добар ОЕМ 17 или 18-ка бандаж за зимни гуми па тие би ги офарбал во ган метал или во црна боја доколку имаат потреба од фарбање, и јас мислам дека со црн или темен бандаж би личело ептен.
До денеска имам направено нешто повеќе од 2500км со колата и можам да кажам дека 272кс се права мера за возило со овие габарити :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #130 на: 17 Март 2021, 22:09:34 pm »
Имав чест вчера на едно кратко возење во ѕверот. Јас не сум осетил во друга кола такво забрзување. Како што рече Томи, од 0 до 6 месеци одземена дозвола, или пак затвор :), времето е екстремно кратко :)

D-r Ordevski


Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #131 на: 17 Март 2021, 22:16:53 pm »
Бидејќи го избра едно од најубавите возила, и е верувам доста скапо, и гледам ти е битно голема зафатнина на мотор коњажа и брзина, ме интересира зошто не избра s5?
Да можеби ќе беше некоја илјадарка поскапо, но будејќи станува збор за s5 би вредело. S5 ги штиклира сите точки, особено бензинскиот мотор кој кога станува збор за брзина и моќност е правилен избор. И секако s5 е тотално разчично возило.
Дали го зема во избор?


Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #132 на: 17 Март 2021, 22:48:19 pm »
Го земав во избор секако, но имаше неколку фактори заради кој што не се одлучив за S5.
Првата е дека за да биде со сите ставки што сакав да бидат штиклирани од опрема и изглед цената испаѓаше околу 10к поскапо од цената што ја платив за ова, далеку повеќе од неколку илјадарки :) . За цената што ја платив за оваа А5 можев да земам S5 со 120-40ккм и да направам некој компромис за некоја ставка од опремата можеби (адаптивни амортизери, системите за автономно возење, виртуелниот кокпит, или пак кровот) но не ми се допаѓаше таа опција заради тоа што во тој случај ќе имав дадено многу пари за возило кое веќе има завидна километража, кое немаше да има GW Plus сертификат(за мене можеби и најбитна ставка) и ќе бев секогаш во очекување на некој квар или пак промена на некој потрошен матријал кој што ќе беше доста скап*
Кој гледал коли во Германија знае дека цената највеќе зависи од километражата на возилото, така да сигурно си има и зошто.

Втората ставка е километражата која што ја минам со возилото. Јас грубо со ова возило ќе минам некој просек околу 30.000км годишно, S5 e доста поголем потрошувач па и секој километар ќе беше доста поскап. Реално тоа возило под 11л на 100км не оди. Ова не ми беше толку важно зошто искрено 200денари на 100км не се некоја преголема ставка за тој мерак што го прави S5, но го земав во обзир. Секако тука спаѓа и комфорот во возењето, S5 e малце потврдо сетирано и од ова, а со нашиве патишта знаеме како е, и ова не ми е пресудно но го ставив во математиката секако. Како што реков доста км минам па несакам да се клацкам претерано, заради тоа и обавезно беа адаптивните амортизери да бидат дел од опремата на возилото.

Третата и многу битна ставка е сервисирањето. Незнам кај би го сервисирал тоа возило и колку има способни мајстори за истото. Сервисот за истото во Порше сигурно би бил над 30.000 само за уље и филтри но нејсе тоа ајде ќе го поминев но што кога ќе дојдеше некој квар, живееме во држава каде што моментално нема ниедно S4 или S5 па за секој квар или порачување на дел ќе беше процедура и ќе требаше сам да истражува по интернет што е проблемот за да се реши. На пример за Дискови менување ќе беше процедура со порачки од странство па чекање...., за било кој сензор исто.... секој захват на тоа возило освен промена на уље и филтри во држава е доста сложен, а не треба да е :D . Вака 3.0 ТДИ е мотор кој што е многу чест и застапен па што и да имам проблем со моторот и менувачот мислам дека многу побрзо и по едноставно би го решил. Сепак колата ја користам за работа и неможам да си дозволам од 12 месеци 2 да стои во сервис за да чека дел да стаса од некаде за да биде во одлична состојба за возење.

Така да кога ги земав овие три ставки во предвид а особено првата и третата, сфатив дека лично за мене и моменталната состојба, A5 3.0 TDI ми е подобар избор и компромис меѓу потребите и можностите, а и 5.3с до 100 ми беа сосема доволни.
S5 е одлично возило и искрено повеќе мерак ќе имав на тоа но мора да се гледа и колку е чергата. Јас моментално не бев спремен да земам S5 каков што замислував и сакав и тоа е тоа. Како што реков кога го зимав возилото несакав да правам многу компромиси, а со S5 ќе требаше многу компромиси да направам и едноставно немав желба за тоа, не ми беше мерак. Пресреќен сум со изборот што го направив и воопшто не се каам. Секој километар со возилово си уживам максимално и со мерак се возам. Пред тоа возев А4 со 170-80кс и тоа супер си одеше и се, но ова е друга лига и друго ниво на задоволство при возењето, барем за мене.
« Последно менување: 17 Март 2021, 23:37:20 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #133 на: 17 Март 2021, 23:19:38 pm »
Амин.


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #134 на: 18 Март 2021, 00:15:59 am »
"ја користам за работа", my ass.

Каде ти е куката? :D :D :D