Автор Тема: VW Passat 2.0 TDI Highline  (Прочитано 21926 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #105 на: 04 Април 2024, 17:06:05 pm »
Cekaj be neka produzi noviot ovde so mora kljuc.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #106 на: 05 Април 2024, 07:32:29 am »
Оти бе не кажа дека се продава колата.Јас барам пасат да купам ама од некој наш човек.Чувана и одржавана.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #107 на: 05 Април 2024, 09:12:54 am »
Оти бе не кажа дека се продава колата.Јас барам пасат да купам ама од некој наш човек.Чувана и одржавана.

Не ја продавав активно, пред некој месец пишав во друга тема дека барам да мењам и тогаш ми пишаа. Пред некој пак се слушнавме и договоривме. Сега си отворив работа да барам нова. :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #108 на: 05 Април 2024, 17:24:23 pm »
Da ti go dadam Citroenceto?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #109 на: 05 Април 2024, 20:48:49 pm »
Оти бе не кажа дека се продава колата.Јас барам пасат да купам ама од некој наш човек.Чувана и одржавана.

Не ја продавав активно, пред некој месец пишав во друга тема дека барам да мењам и тогаш ми пишаа. Пред некој пак се слушнавме и договоривме. Сега си отворив работа да барам нова. :D

Добро аватарче :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #110 на: 05 Април 2024, 21:31:46 pm »
Златен Пасат си даде... ќе цапаш пешки сега. Шкода ќе купваш? Абе не се лоши и Најките ;D

Отсутен supernal

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #111 на: 06 Април 2024, 11:35:15 am »
Епа јас сум новиот сопственик :)

Подолго време барав кола, некои периоди активно, некои пасивно. Пробував неколку различни пасати, беа добри но се` нешто им фалеше. Што се вика, на Бране од двор му ја земав :)

Секоја препорака и пофалба прво до Мк Ауто Експертиз, многу детално и професионално го извршија прегледот. Второ, голема пофалба до Бране за ПРАВ домаќин! Пред да го закажеме прегледот прашав колку време трае за чисто да си го планирам и јас и Бране. Рекоа во просек околу саат време, максимум до саат и 20 минути во зависност во каква состојба се наоѓа колата. Отидовме и ја завршија за 20 минути. Рекоа од сите коли што ги имаат прегледано до сеа, на Бране пасатот најздрава кола, скоро како од салон!

Ќе се потрудам да правам апдејт кога можам со новости околу колата.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #112 на: 06 Април 2024, 13:52:08 pm »
Ке каже продавачот како си се покажал дал имало прскање на пасатот ордевери /частаљовка. Кола не се купуе секоја среда , со срека да те заслужи

Отсутен supernal

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #113 на: 11 Мај 2024, 20:13:17 pm »
Направив неколку работи изминатиов период.

Ставив летни гуми Primacy 4, ги има Бране назад во темава објавено. Центрирав преден и заден трап. Овие работи ми ги средија МКМ Ауто. Сменив задни плочки и направив мал сервис на 132к км во Порше.

Месецов ќе идам до Косово кај што е направен лани голем сервис на менувачот кој е се уште под гаранција. Од Ауто Експертиз видоа дека е поправан и рекоа дека треба само да се рекалибрира, појма неам шо значи тоа. На горниж ако не е вклучен auto hold, почнува назад полека да враќа. Инаку нема проблем со шалтање брзини и слично.

У прилог и една слика, мислам дека Бране ја нема покажано задницата ;)


« Последно менување: 11 Мај 2024, 20:21:39 pm supernal »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #114 на: 12 Мај 2024, 10:44:19 am »
Во врска до ДСГ-то, може ова ќе помогне.

https://youtu.be/SuWKHnp6JNQ

Мајсторот си ја знае проблематиката, овој другиов е малце тежок за гледање.

Отсутен supernal

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #115 на: 12 Мај 2024, 14:56:06 pm »
Во врска до ДСГ-то, може ова ќе помогне.

https://youtu.be/SuWKHnp6JNQ

Мајсторот си ја знае проблематиката, овој другиов е малце тежок за гледање.

21:13 кажува дека најголем проблем е губењето на притисок, а симптоми се губење на снага и враќање назад на горниж. Првото го немам забележано. Кога ја проверувавме, во документ запишаа „Проверка на држач на менувач“ и дека треба да се рекалибрира. Ова е всушност и единствената забелешка што ја дадоа за колата.

За 2 недели имам термин во Ауто Бели па ќе средат таму што треба.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #116 на: 12 Мај 2024, 15:22:20 pm »
Радовишки стана пасато?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен supernal

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #117 на: 12 Мај 2024, 22:51:53 pm »
Радовишки стана пасато?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Да :)

Отсутен supernal

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #118 на: 13 Мај 2024, 17:16:57 pm »
Се расчитав малце повеќе околу DSG-то и видов неколку различни тврдења по интернет. Имено, кај ДСГ-то е очекувано(?) да оди напред/назад на горниж во зависност дали е во drive или reverse и треба да се користат Hill Start Assist / Auto Hold.

Во упатството има една секција:
Цитат
Stopping and pulling away on an uphill gradient

If you wish to stop the vehicle or pull away when driving uphill you should use the Auto Hold function.
When you stop the vehicle on an incline and the vehicle remains in gear, the vehicle must always be prevented from rolling by depressing the brake pedal or by applying the electronic parking brake. The brake pedal or the electronic parking brake should not be released until you pull away.

Прв пат возам DSG па не знам како е очекувано да работи во таква ситуација, нека пише некој постручен :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: VW Passat 2.0 TDI Highline
« Одговори #119 на: 13 Мај 2024, 17:33:54 pm »
Не сум експерт и не возам возило со DSG, ама неколку службени што сум возел дали VW, дали Skoda, баш така се понашале, морав да држам кочница, те да се активира Auto-Hold за да не се движи колата кога ќе застанеш.