Автор Тема: Проблем со палење и со гасење при возење  (Прочитано 2195 пати)

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Проблем бр.1:

Имам плински систем на Фиат Линеа 1.4. Кога палам на бензин а во колата има пола резервар бензин и пола резервар плин ја утепам верглајки едвај запали. Кога ќе го испразнам плинот, само на бензин одма пали нема проблем. Кај колку мајстори ојде ни еден не можеше да ја оправи, менуваа пумпи за бензин, сензори, што ли уште не, само на погодување работат. Помогнете или дајте совет во која насока да го барам проблемот.

Проблем бр.2:

Кога стои во место колата работи како што треба. Кога возам во сообраќај и наеднаш ја избацам и си вози колата и вртежите ќе паднат некогаш на 300, се мачи и некогаш ќе изгаси, некогаш едвај се спаси и остане и се стабилизира. Овоа се случува само кога е во движење колата и кога ја избацам, вртежите паднат едвај се враќа на нормала.


Фала однапред. Нашите мајстори ама баш само за улје менење се.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #1 на: 28 Јуни 2021, 20:47:56 pm »
Бр2
На бензин или на плин?

Ако е плин, очигледно е дека те зеза плинскиот уред, бидејки очигледно и бр1 е поврзано со плинот.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #2 на: 28 Јуни 2021, 20:51:59 pm »
Бр2
На бензин или на плин?

Ако е плин, очигледно е дека те зеза плинскиот уред, бидејки очигледно и бр1 е поврзано со плинот.

Бр2 го прави на плин и на бензин, пробав со празен плински резервар и пак го прави тоа.

За бр1 и јас мислев нешто плинскиот систем е, ама бев и на плинар буквално ми кажа тоа не било можно. Немам нерви веќе со нив да се расправам. Ќе земам целиот плински систем ќе го извадам и ќе го фрлам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #3 на: 28 Јуни 2021, 21:33:57 pm »
Каков е плинскиот систем? Дали има капалка за масло? Ако нема капалка дали тогаш е можеби сетиран уредот да троши и плин и бензин за да ги лади вентилите?

Ако да, тогаш мислам дека тој сетинг не е добро наместен.

Бр.1 е стварно невозможна ситуација, многу чудна. Не ми изгледа како да има врска со нивото на гориво, мора да е нешто друго.
БР.2 се случува ако инјекторите за плин се наместени подалеку во усисната грана одошто треба. Обртаите паѓаат и сака да изгаси поради тоа што кога вртежите ќе паднат доволно ниско кога избацуваш од брзина и кога компјутерот ќе даде сигнал да се вбризга плин, бидејќи плинските дизни се подалеку монтирани на плинот му треба повеќе време за да стигне во клипот. Таа десетинка од секундата предизвикува да паднат вртежите. За тоа нема спас, ќе мора така да остане, доколку е тоа причината.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #4 на: 28 Јуни 2021, 22:01:50 pm »
Пред било што да се прави, најосновно е да извозиш еден резервоар само на бензин, и малку надвор од град да се повози за да се види дали ќе исчезнат симптомите.
Неколкумина што ги познавам им се смирувала колата, но исто така не успеале да оправат и така си ги возат.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #5 на: 28 Јуни 2021, 22:49:19 pm »
Бр.1

Можеби плинските дизни ти пуштаат плин и кога колата е изгасната и ти пресисува.

Кој се тие мајстори што не успеале да ти ја направат?

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #6 на: 28 Јуни 2021, 22:51:05 pm »
Каков е плинскиот систем? Дали има капалка за масло? Ако нема капалка дали тогаш е можеби сетиран уредот да троши и плин и бензин за да ги лади вентилите?

Ако да, тогаш мислам дека тој сетинг не е добро наместен.

Бр.1 е стварно невозможна ситуација, многу чудна. Не ми изгледа како да има врска со нивото на гориво, мора да е нешто друго.
БР.2 се случува ако инјекторите за плин се наместени подалеку во усисната грана одошто треба. Обртаите паѓаат и сака да изгаси поради тоа што кога вртежите ќе паднат доволно ниско кога избацуваш од брзина и кога компјутерот ќе даде сигнал да се вбризга плин, бидејќи плинските дизни се подалеку монтирани на плинот му треба повеќе време за да стигне во клипот. Таа десетинка од секундата предизвикува да паднат вртежите. За тоа нема спас, ќе мора така да остане, доколку е тоа причината.

Бр2 се случува на бензин и на плин, и се случува и на бензин само со празен плински резервар. Да не е нешто и бензинските дизни да прават проблем, или вентилите не наштелувани како што треба ?

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #7 на: 28 Јуни 2021, 22:55:39 pm »
Пред било што да се прави, најосновно е да извозиш еден резервоар само на бензин, и малку надвор од град да се повози за да се види дали ќе исчезнат симптомите.
Неколкумина што ги познавам им се смирувала колата, но исто така не успеале да оправат и така си ги возат.

ја извозив 500 километра и истиот проблем го има.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #8 на: 28 Јуни 2021, 22:57:08 pm »
Бр.1

Можеби плинските дизни ти пуштаат плин и кога колата е изгасната и ти пресисува.

Кој се тие мајстори што не успеале да ти ја направат?

Добар совет. Уште каде не сум отишол, Штип, Скопје. Не ги знам на име али пробував 3-4 мајстори за истиот проблем и ништо не направија. Утре ќе идам кај тој на булевар Илинден да видам шо ќе направе. Ако имаш некоја препорака слободно пиши.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #9 на: 28 Јуни 2021, 23:05:09 pm »
За бр. 2 провери ги сите вакуум црева дали се здрави, ако е се во ред таму, смени си моторче за лер гас и вози :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #10 на: 29 Јуни 2021, 15:22:51 pm »
Во плинската боца позади има еден вентил, затвори го да нема воопшто доток на плин. Пушти ја да поработи неколку секунди на плин и ке смени на бензин кога ќе се истроши тоа што има останато во црева.

Е сега можеш да тестираш чисто на бензин. Ако прави пак така, веројатно не е поврзано со плинскиот систем.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #11 на: 29 Јуни 2021, 15:29:49 pm »
Дизните за плин не ти чинат најверојатно. Провери ги како што ти кажаа погоре

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Проблем со палење и со гасење при возење
« Одговори #12 на: 02 Јули 2021, 06:17:02 am »
Ako odis kaj sto mislam na bul Ilinden t.e. Evrogas, povekje sansi imas sam da si go popravis plinot :D
Katastrofa majstori, samo izvikani na muabet.
https://www.google.com/maps/place/Evrogas/@42.0063686,21.3950985,16z/data=!4m5!3m4!1s0x1354150c4783f771:0xa464cdc066c15ba7!8m2!3d42.0083338!4d21.3955277

A od tie seckanja, gasenja, kapalki, busenja, pa ne rabotel indikatorot za plin, pa plinari krevaat race, pa nagagjanje defekti ova e ne e toa ona e, posle 18 godini vozenje na plin, sega vozam dizel :)

Si rekov: da trebalo kolata da se vozi kolata na plin, taka bi ja smislil timot na inzeneri vo fabrikata, a ne nekoj so bormasina da busi grana, pa da dodava nekoi crevca so stegi i slicno. Posle kolite ni seckaat i ni gasat. Kako izlegla od fabrika, taka treba da se vozi. Imas mal motor i lesna kola, mozes da si ja vozis na benzin, e sega ako si investiral vo ured bidnalo vekje....

Vidi vo Mar Mil Mont vo Vlae, znam koga imav problem so seckanje, bev na 2-3 mesta vklucuvajki go i Evrogas, i na kraj vo Mar Mil Mont mi go setiraa uredot properno.
https://www.google.com/maps/place/Mar+Mil+Mont/@42.0113047,21.3754505,16z/data=!4m5!3m4!1s0x135413864f5a8b75:0x7e0126ebb0f655d4!8m2!3d42.0134693!4d21.3759101
« Последно менување: 02 Јули 2021, 06:28:20 am deksa »