Автор Тема: Peugeot 208 1.2 puretech active pack  (Прочитано 5526 пати)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« на: 10 Февруари 2021, 11:57:14 am »
Autoto na sinot taze zemeno (moite ne stignav da gi prijavam oficijalno :) ) a vetiv deka ke go parkiram ova.

Peugeot 208 1.2 puretech active pack, turbo benzinec 3 cilindri 100ks.

Na vremeto so golem keif izvozev 10tina godini 206ka od nova, super auto.... Ama so novava 208mica debelo navlegle vo premium segmentot.
Neverojatna kompaktnost i cvrstina, em lezi em ima nekoja opustenost vo vozenjeto. Cista 10ka.
Mislam...ne e moe autovo pa mozam da go ispofalam do tolku :)

Epten pozitivno iznenaden od kvalitetot i cvrstinata na pezovo, kako da e isklesano. Kako vo vozenje taka i pri cackanje po nego. Zatvaras vrata i onoj pun zvuk "bap". Vozam skoro novo BMW pa nesum siguren koja vrata bolje zatvara...

Paketot na oprema epten pogoden kako jas da sum go selektiral. Ovoj e nov paket (sega go homologiraa) i mislam epten nudi za parite (autoto ne e evtiono, ama veke niedno ne e...). Neznam sto drugo bi dodal, a da mi fali. Da ne redam oprema ima na sajtot na Euroimpex. Inaku ova e najniskoto startno nivo na oprema a ima svasta.
Vnatresnosta extra sredena i ultra moderna.

Go vozev malce, ama primetlivo kolku lesno prima gas i lesno se vrti motorot. Deluva kako za dosta poveke od 100ks.
Mnogu agilno so lesnotija povlekuva, i se so doza na prefinetost od premium klasa. Sigurno doprinesuvaat i fabrickite Michelin Primacy 4.
Ne brkav visoki vrtezi normalno, ama nad 3000 vrt/min ubav zvuk na 3 cilidarec. Onaka bas ubav i bez nikakvi vibracii.
Vrv vo klasata zaedno so fordoviot ecoboost.

Ke sledi vednas zastita na lakot so Fusso99, i apsolutno nisto nisto drugo. Ovoa ne e za cepkanje :)


Na site koi im e vo plan vozilo od ovoj segment, preporaka obavezno da go poglednat i probaat.

Slikite si zborat za sebe, epten pogodeno auto. Za dizajnot mislam deka e vrv sto se nudi vo momentov, i vo poslednive godini.
(se poveke, duri i  od mladive generacii kaj nas, vlecat kon SUV, dzipce da bilo... Stvarno nezam sto gi maci...:))


Pukam sliki sto gi imam momentalno pred podiganje na autoto.


















« Последно менување: 10 Февруари 2021, 12:09:04 pm M3V8 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #1 на: 10 Февруари 2021, 12:01:09 pm »
Најс! Создравје да се вози. Дури бојата ми се допаѓа. Ме нервира што сите земаат темни бои за вакви возила.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #2 на: 10 Февруари 2021, 12:02:05 pm »
Пред 2 дена видов исто жолто, совршената боја сте ја избрале и одлично моторче, со здравје да се вози, ептен ми се свиѓа!


Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #3 на: 10 Февруари 2021, 12:18:09 pm »
Аирлија количето... Многу убаво.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #4 на: 10 Февруари 2021, 12:23:10 pm »
Моторчево е идеално, а и неговите потенцијали се многу интересни за во иднина. :) Ќе спие, иако и сега е супер.

Инаку одличен избор на боја, а гледам и ЛЕД има напред.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #5 на: 10 Февруари 2021, 12:54:59 pm »
Одамна зборам дека опреми како абс, штитник за сонце, потпирач за глава...не треба воопшто да се спомнуваат, само се прави непотребно долг список а сакал неќел ги имаш во основното ниво.

Дени спомна за лед, ако се мисли на забите, мислам дека треба да го има во основно ниво без да ги врзуваат со повисокото, па нека е поскапо и 300 евра, тоа ќе ја продава колата позначително.

Со здравје да се вози, супер боја.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #6 на: 10 Февруари 2021, 12:55:36 pm »
Во здравје да се вози, убаво ми изгледа
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #7 на: 10 Февруари 2021, 12:57:24 pm »
Одамна зборам дека опреми како абс, штитник за сонце, потпирач за глава...не треба воопшто да се спомнуваат, само се прави непотребно долг список а сакал неќел ги имаш во основното ниво.

Дени спомна за лед, ако се мисли на забите, мислам дека треба да го има во основно ниво без да ги врзуваат со повисокото, па нека е поскапо и 300 евра, тоа ќе ја продава колата позначително.

Со здравје да се вози, супер боја.
Фул лед има колку што знам. Кратки, долги, дрл, се е лед. Како што треба.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #8 на: 10 Февруари 2021, 13:02:06 pm »
Убаво, со здравје да се вози!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #9 на: 10 Февруари 2021, 13:07:29 pm »
Интересно количе. Со здравје да се вози!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #10 на: 10 Февруари 2021, 13:42:01 pm »
Могу убава бојава, со здравје да вози другарки на совозачко.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #11 на: 10 Февруари 2021, 13:46:08 pm »
Според ценовникот бојава е единствена безплатна боја.

Со здравје да се вози.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #12 на: 10 Февруари 2021, 13:56:01 pm »
Со здравје да се вози.  :)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #13 на: 10 Февруари 2021, 14:23:07 pm »
Со здравје да се вози, прекрасна е колава  , поготово во оваа боја.

Ме интересира твое мислење, каква е прегледноста на дисплејот пред воланот, пошто колку што читав/гледав тестови, многу се жалеа дека воланот покрива добар дел од дисплејот

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Peugeot 208 1.2 puretech active pack
« Одговори #14 на: 10 Февруари 2021, 14:28:36 pm »
Со здравје да се вози. Појава е количево, башка и бојата погодена. На толку пофалби за моторот, баш би сакал да повозам ваков мотор кога ќе има тест возење да видам како се однесува.

Кога ќе сликниш, стави слики и од ентериерот.