Денес втор сервис закажан. Километража од претходен сервис околу 4000 километри - сепак помина година и пет месеци.
Овој пат ќе ставам MOTUL 8100 X-clean, MANN филтри.
5800 денари е сервисот на масло и комплет сите филтри.
За евиденција:
Денес промена на масло и филтри во Bimmer.
Малку подоцна ја направив променава, бидејќи реално немаше километража направено, како последниот пат исто.
5000км од последна промена.
Овој пат ќе ставам Mobil 5W40 LL01.
Од Motul-ot бев задоволен, само сакам да проверам како ќе биде со Mobil. Го фалат доста па ќе видиме што како.
Цената за сервис и проверка комплетна во Bimmer 9600 денари
Филтер за масло - 800 денари
Мотороно масло - 3600 денари
Филтер за воздух - 1500 денари
Филтер за клима (микрофилтер) - 1900 денари
Работна рака + детална проверка на возило - 1800 денари.
Ќе проверат целосно подвозје, компјутер и слични работи да се осигураме дека колата е како што треба.
Ценава реално е заради клима филтерот доста повисока, ама со оглед на фактот каде живееме, не штедам на филтри.
Fun fact:
Џеповски побара 12080 денари со BMW LL01 масло и Hengst филтри.
BMW M Car - 20000 денари
претпоставувам истото како Џеповски.