Автор Тема: CARclub дечиња!  (Прочитано 334744 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1305 на: 11 Септември 2016, 20:41:04 pm »
Ако сакаш детето да го запишеш во јавна институција од типот градинка/школо, ќе мора да ти биде вакцинирано.
Велештрумф,дали ова е со некој закон пропишано или така кажуваат во самата градинка?Јас колку што сум запознат,со ниеден закон,нити пропис и уредба или што и да е,не смее градинка или школо да не ти прими дете заради невакцинирање.Знам дека бараат на упис во градинка картон за имунизација,ама дали ради тоа смеат да не ти запишат дете не сум сигурен.Ако ги барата некој законите и имал искуство не е лошо да сподели.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1306 на: 11 Септември 2016, 20:53:20 pm »
Барај во закон за здравсвена заштита, закон за заштита на населението од заразни болести и слично.
Секако дека може да не ти прими дете кое не е вакцинирано. Јас исто не би сакал моите деца да бидат во близина на голем број деца кои не се вакцинирани.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1307 на: 11 Септември 2016, 21:03:48 pm »
Зошто, нели се вакцинирани твоите, имунизирани се. Невакцинираното е во опасност овде.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1308 на: 11 Септември 2016, 21:10:30 pm »
да не ја тераме у тој правец дускусијата,ако воопшто се развие.Сепак е право на личен избор,но дали е законски да не ти примат дете во градинка не сум убеден.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1309 на: 11 Септември 2016, 21:10:53 pm »
Не се со God-Mode сепак.

Еве симулатор на кој можеш да си проверуваш со колкав процент на имунизација се средува одредена болест http://www.software3d.com/Home/Vax/Immunity.php

Никако несмее да примат невакцинирано дете во градинка, таман работа да го примат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1310 на: 11 Септември 2016, 21:14:42 pm »
Незнам од каде ти е информацијата. Во градинка не прашуваат за вакцини. Во училиште прашуваат ама ги примаат и невакцинирани затоа што мораат според законот или ќе платат големи казни одговорните лица што не го примиле и пак ќе го примат.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1311 на: 11 Септември 2016, 22:35:30 pm »
Не се со God-Mode сепак.

Еве симулатор на кој можеш да си проверуваш со колкав процент на имунизација се средува одредена болест http://www.software3d.com/Home/Vax/Immunity.php

Никако несмее да примат невакцинирано дете во градинка, таман работа да го примат.

Ова можеш да го поткрепиш со доказ? Член од закон на пример или само лупеташ на памет?

Средното образование е задолжително со закон во државата. Законски никој не смее да врати т.е да не прими невакцинирано дете во градинка или основно училиште.   Тоа што законодавецот пропишал казна од 500 евра или не знам колку точно беше за родители кои одбиваат децата да не им се вакцинираат тоа е друга работа.

Ајде Дени прогуглај малку како штообично правиш и докажи го спротивното на целата форумска јавност а не само да фрлаш коска како штообично знаеш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1312 на: 11 Септември 2016, 22:55:25 pm »
Зошто тогаш фаќаат врски за да си ги убутаат своите невакцинирани деца по градинки луѓево?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1313 на: 11 Септември 2016, 23:05:12 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1314 на: 11 Септември 2016, 23:08:57 pm »
@Дени   Одговорот ќе го добиеш самиот кога ќе имаш дете (вакцинирано) и ќе увидиш дека како и за се друго во државата требало врски и за во градинка. Причини мал милион.

А за тоа дали ќе се прими невакцинирано дете во градинка или не на линков или цитираното подолу. Посебно внимание обратете на Известувањето од министерството за здравство особено последната реченица.

Цитат
Незапишувањето на невакцинирани деца во градинките е кривично дело –
Казната затвор изнесува од три месеци до три години

Здружението на граѓани за заштита на човековите права “Здравје со игла не влегува“ ја информира јавноста дека уште на почетокот на јуни годинава до Народниот правобранител поднесе Претставка против сите оние Јавни установи (Детски градинки) поради дискриминацијата врз основа на вакциналниот статус на децата при упис во градинките и повреда на членот 60 став 8 од Законот за заштита на децата, односно против условувањето на родителите, задолжително да ги вакцинираат децата,  доколку сакаат децата да ги запишат во Детска градинка, наводно со објаснување дека тоа било подзаконски регулирана обврска од надлежните министерства (Министерство за труд и социјална политика и Министерство за здравство). По ова беше отворен предмет кај Народниот правобранител за постапување во врска со оваа Претставка. Во правната регулатива на Република Македонија не постои правен пропис, со кој децата мораат да бидат вакцинирани со определена вакцина, за да бидат примени во градинка, единствено што е потребно е да се провери вакциналниот статус на детето. Истото може да се види и од писмото кое е добиено од страна на Министерството за здравство, кое не го негира истото.
Исто така, информираме дека по однос на оваа претставка беше одржана и средба кај Народниот правобранител на претставници на нашето здружение, Народниот правобранител и (само) претставник од Министерството за здравство (на средбата иако беше најавена да учествува Јадранка Костова, таа не дојде туку дојде нејзин  помошник или заменик). Притоа на средбата беше кажано од претставникот на МЗ дека наводно од овој ресор, не постои подзаконски акт за потребата да се има примено некоја  вакцини, и истото да претставува задолжителен услов за да може детето да се запише  во Детска градинка.  Покрај ова, по сугестија на Народниот правобранител беше побарано да се испратат од наша страна дописи до двете министерства (МЗ и МТСП) писмено да се произнесат околу (не)постоењето на подзаконски акт или друг облик на норма со која им се наложува на Детските градинки (јавни установи) да не ги примаат во градинка невакцинираните деца. Претставките беа поднесени на 30.06 годинава. На 31.08.2015 година, од страна на Министерството за здравство беше одговорено дека, согласно правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација(Сл. Весник на РМ бр. 65/10), при упис во градинка единствена надлежност што ја имаат градинките е да го проверуваат вакциналниот статус на децата, и ништо повеќе. Тоа значи дека не постои никаква обврска на родителите, задолжително да ги вакцинираат своите деца, како услов, за да можат да ги запишат во градинка своите деца. До овој момент, од страна на ресорното Министерство за труд и социјална политика,  ниту нашето Здружение, ниту Народниот правобранител немаат добиено никаков одговор по однос на проблемот. Целосен молк!

Со оглед дека и наспроти сето ова се уште во одредени Детски градинки (јавни установи) се вршат притисоци, односно се малтретираат и уценуваат родители на деца кои не се вакцинирани, демек доколку не ги вакцинираат децата нема да им бидат запишани во градинките, сакаме дополнително да информираме за следното:

Бруталната институционална малоумност не може да го дерогира Законот за заштита на децата, и истата не може да се толерира. Имено во член 60 став 8 децидно стои “Родителите се должни при приемот на детето во градинка да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето, односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“ – и толку. Во член 4 од овој закон, пак, стои: “Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштита на правото на живот и развој на детето, заштита на најдобриот интерес на детето, обезбедување минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето“.

Со нормативните одредби во членовите 12 и 13 пак од истиот закон се  “забрануваат“ секоја форма на дискриминација или друг “статус на детето или на неговите родители…“, но и секаков вид на “директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварувањето на правата и облиците на заштита на децата …“, со таксативно законско дефинирање на јавните установи.

Но независно што не постои законски регулирана обврска за задолжително вакцинирање при упис во детска градинка во овој Lex specialis сепак во реалноста трендот на сеопшто институционално малтретирање и изживување врз граѓаните продолжува и по однос на овој проблем. Родителите се уценуваат и принудуваат со усни елаборации и оправдувања дека така е наложено “од горе“ да ги вакцинираат децата доколку сакаат да им бидат згрижени во одредена градинка.

Според Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација,  при што  член 84 став 1 точка 2 гласи, „Вакциналниот статус се проверува: При запишување во сите видови предучилишни установи“. Истото може да се види и од дописот добиен од страна на Министерството за здравство каде што вакциналниот статус при запишување на децата во  градинките, единствено се проверува, проверката не значи задолжителност да се има примено вакцини, и не значи дека градинките можат да вршат дискриминација на децата, поради непримена вакцина.

Било каква спротивно тврдење на било кој вработен во градинките, во тој ист момент станува сторител  на  две кривични дела согласно Кривичниот законик на РМ, и тоа  кривично дело Повреда на рамноправноста на граѓаните, казниво согласно член 137 од Кривичниот законик на РМ и кривичното дело Несовесно работење во службата, казниво согласно член 353-в од Кривичниот законик на РМ. За двете дела, поединечно, казната затвор изнесува, од три месеци до три години.

Иако задолжителното вакцинирање кое за нас како здружение не е ништо друго освен официјализирано со закон труење на децата, сепак во поглед на уписот во градинки “институционалните експерти“ и нивните “институции“ се едноставно без “законска“ аргументација. И иако тој факт не ги спречува “надлежните“ – во манир на класично подземје – преку “налози од горе“ да ја туркаат оваа бесрамна форма на дискриминација врз децата, нашето Здружение апелира до родителите да имаат предвид дека сето тоа е незаконски, нерегуларно, се разбира вулгарно и безобразно, и да не наседнуваат на таквите дискриминаторски форми на закани, уцени и притисоци.

Исто така апелираме до сите “институции“ како и “параинституционални“ вљубеници во вакцините и рестото “експерти“ доколку се најдат погодени од ова наше јавно обраќање, во својот одговор да се потрудат макар малку од малку да најдат валидна аргументација околу оваа проблематика оти немаме повеќе ни време, а ни трпеливост да ги слушаме нивните рекла/казала медицински тралалајки и слични маломозочни експертизи за оправдување на актуелниот вакцинален геноцид што им се прави на нашите деца, а кој инаку во западноевропските земји не постои.

Сите родители кои ќе наидат на некаков проблем во врска со запишувањето на своите деца во градинка, поради вакциналниот статус на нивното дете, слободно нека ни се обратат, а се со цел да Ве упатиме, какви треба да бидат вашите следни правни постапки.

Со почит,

Здружението на граѓани за  заштита на човековите права
Здравје со игла не влегува

Едит: Симо, или мене не ми отвара нешто како што треба или резултатот од чичко гугл во твојот линк е само наслови но не и нешто што "има тежина" да го потврди тврдењето на Дени. Ако внимателно се прочита текстот од линкот што го постирав ќе се види дека законски е поткрепено дека невакцинирани деца не смеат да не се примат во градики или на училиште и на крајот со потврда од министерството за здравство.
« Последно менување: 11 Септември 2016, 23:18:06 pm Дибидус »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1315 на: 11 Септември 2016, 23:25:08 pm »
На брат ми децата се вакцинирани и не ги примаат во градинка. Не сме од вмлуовско-масонската ложа.
Тие таму што се вработени и шо не примаат, се неписмени, буквално со врски осмо одделение имаат.

Средното образование е задолжително со закон во државата. Законски никој не смее да врати т.е да не прими невакцинирано дете во градинка или основно училиште.  
Тоа што законодавецот пропишал казна од 500 евра или не знам колку точно беше за родители кои одбиваат децата да не им се вакцинираат тоа е друга работа.
Од кога трубам...

МОЖЕБИ ќе ги вакцинирам по 18-тиот месец.
Нека ме повикаат на суд за казна и ќе му кажам, дај ацелуларна спакувана вакцина, декларација и поткло и ќе го вакцинирам.

Едвај чекам неписмените муфлони да ме одбијат за во градинка или училиште.
Кај неписмени па и налудничави, шизофреничари и социопати.

Чекај втор пат на форумов да ја цитирам директорката на основно училиште:
"Која е мајка ти да одлучи дали ти ќе умреш или не" му вели просветната работничка на 12 годишно девојче за ХПВ вакцината.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1316 на: 11 Септември 2016, 23:27:06 pm »
Зошто тогаш фаќаат врски за да си ги убутаат своите невакцинирани деца по градинки луѓево?

Врски се фаќаат за да се убутаат и регуларно вакцинираните деца.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1317 на: 11 Септември 2016, 23:30:47 pm »
Tоа е законот. Кој како сака нека постапува и сега гитла од форумов со вакви муабети. Има други форуми каде што се дискутира за тоа. Околу 10 % не ги вакцинираат децата и трендот се зголемува. Изгубена е целосно довербата во секоја институција на државата и системот. ВО Германија вакцинирањето е доброволно, со потпис на родителот дека се согласува да ги прифати сите несакани дејства на вакцината и за тоа никој не му е крив. Така треба да биде и кај нас, но нашиве кретеоноидни структури во власта секоја критика и размислување  кое е спротивно на официјалното го сфаќаат како АТАК против НИВ самите и се борат со сите сили да го спречат. А колку се глупи и неписмени,се што треба е да се ослободат од одговорноста како Германија и целата одговорност да ја префрлат на родителите, тие да одлучуваат. И така постои огромна галама дали вакцините прават нешто добро и колку всушност прават лошо.


"Која е мајка ти да одлучи дали ти ќе умреш или не" му вели просветната работничка на 12 годишно девојче за ХПВ вакцината.
За ваков изрод како непросветената чистачка 120 вакцини во газот за 15 минути.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1318 на: 11 Септември 2016, 23:42:43 pm »
Битно, за оние кои не го ни поглендаа симулаторот Дени што го прати.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1319 на: 11 Септември 2016, 23:45:49 pm »
Кој го интересира има премногу за читање на оваа тема. Зошто кога ќе се појави жариште на некој болест се разболуваат и вакцинираните?  Ај заеби поарно :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need