Бидејќи јас „организирав“ купување кола во „ќеш“ еве да ви раскажам.
Братучед мој кој живее во САД му купуваше кола на татко му за роденден како иненадување. За да биде инзенадувње морав јас да одам на разговори и договори во Порше за понудата. Ја нарачвме колата со тоа што јас оставив капар од 5-6% во ќеш кај нив, и колата дојде за два месеци.
Проблемот беше како да биде колата на име на тој што ќе ја поседува (за да не ја купувам јас па да ја продавам) а јас да ги уплатам парите. Значи фактрата мораше да гласи на негово име и не можеа да го изведат тоа административно. Кога колата дојде, парите од УСА дојдоа на моја сметка а ја ги извадив и ги однесов во салон (во ќеса). Со копија од личната карта на тетин ми, Порше отиде во банка и ги уплати сите пари во негово на своја сметка (сгурно има тука одредена квака оти не знам како во банка им го дозволиле тоа но го завршија). Така да на денот на роденден братучед ми дојде од УСА, го однесе тетин ми демек да разгледаат и си се вратија со голфот.
Е сега сигурно има многу различни идеи и мислења, но за до однесеш нова кола од салон за регистрација треба да поднесеш доказ за купување. А вие ако знаете како се брише кола од лагер и се регистрира во земјава кажувајте.
Тука има квака, вие сте имале доказ за потекло на парите, постојат трансакции како се добиени парите.
Еве мој пример за ќеш уплата на моја сметка, уплатив сума поголема од 10к евра на сметка, ги однесов ќеш, но парите ми беа заработени и си имав трансакција дека ми се извадени од една сметка во ќеш и си ги уплаќам на друга сметка, заебаното е ако сакаш да купиш нешто во ќеш без доказ за потекло на ќешот. Пример, одам во Порше купувам кола и им давам ќеш, па Порше што ќе прават си е нивно, но не е така бидејќи нема да го прифатат ќешот затоа што ако си го уплатат на сметка испаѓа они си ставаат депозит на сметка без доказ за потекло. Во случајот со поклонот, ако те разбрав банката го уплатила износот каде уплаќач бил човекот што добил поклон, веројатно со полномошно некакво. Порше парите ги добива како уплата од Петре, а Петре од кај ги добил ќе си се објасни ако го повикаат за висината на трансакцијата, во случајот он можел да ја оправда бидејќи имате документи дека парите се пратени од син му на твоја сметка, ти си ги извадил ќеш, и си ги уплатил т.е. порше ги уплатиле на нивна сметка со полномошно.
Вака го сфаќам тоа јас.