Арно вика Carpathian Lord, еден од тие стручњаци си и ти Како ти имаш поголемо искуство од Микси кој ја имал истата кола (најверојатно од нова) и 2 пати му зарибал моторот?
Тешки до шајбните на дизните да е проблемот на членот, но не верувам од нив да троши 4 литри масло на 10ккм. Впрочем го имаш делот од сервисната на која пишува дека шајбните се менуваат на 50ккм? За ова немам слушнато досега, но не велам дека не е така.
Го поседувам истото возило веќе 9 години, затоа и го советував колегата.
А друга работа е што по професија сум машински инженер за моторни возила и работам 15 години во сервис за возила и тешки и патнички.
Toa e проблемот на денешницата, никоја не сака да го ислуша/прочита соговорникот, секој си го вози неговото убедување како правило и закон.
Тука секој сам ќе процени дали советот треба да го примени или не на неговото возило, бесплатен е.
Ако го прочиташ мојот пост, и ако го отвориш еден од линковите што е постиран , ќе видиш зошто на некој му зарибал мотор.
А ако го отвориш другиот линк пак , ќе го најдеш цел сервисен прирачник за конкретниот мотор.
Поздрав