Автор Тема: Formula 1 - Season 2021  (Прочитано 117247 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #135 на: 29 Март 2021, 07:17:32 am »
Ова е срамота за ФИА, нема врска хамилтон што е црнец.
Требаше да се воведи правило како на некои трки каде што има слични ситуации и се излегува надвор од патеката. 3-то излегување и казна 5 секунди.
А тие, го „мониторираа“ овој дел некој предност да не направи, па тогаш да го опоменат.

Самите се издадоа, кога на Макс му даде Ред Бул дозвола да вози пошироко, и оп тие скокнаа, после пола трка не можи возење надвор од патека. На шо личи ова, аматеризам, нека си стоеа до мониторингот до крај.
Лошо е што слепо веруваш во „правилата“, како ќе речи ФИА така е, тие знаат. Епа и луѓе решаваат таму, и тие некогаш грешат.

Хамилтон не ја победе трката, туку Ред Бул оти беа премногу самоуверени, му ја поклонија, си ја заслужија загубата.
Па и оној Ветел, аматер невиден, мава во Окон и вика „Мрдна во кочењето“, лелее абе бегај скриј се.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #136 на: 29 Март 2021, 08:13:49 am »
Баш добро го извадиле клипчево погоре, за да нема дилеми.

Тука уште подобро појаснето:
 https://twitter.com/SmeajVEVO/status/1376276443165040643?s=20

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #137 на: 29 Март 2021, 08:21:31 am »
На некои луѓе ни видео доказ не му ги отвора очите.
Освен „спорни“ 9 и 10, не знам колку треба да си ќор, да не видиш дека има најмалку 20цм од тротоарот, во останатите.

Па во живо, filipv на 144п можи гледа со Арсов и Табаковски коментатори.  ::)


29 пати хамилтон излегол од патеката.

https://mobile.twitter.com/SmeajVEVO/status/1376249961814327302?s=20

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

башка што добар дел од овие „излетувања“ имаше дел од тркалото на шареното


Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #138 на: 29 Март 2021, 08:52:43 am »
Баш добро го извадиле клипчево погоре, за да нема дилеми.

Тука уште подобро појаснето:
 https://twitter.com/SmeajVEVO/status/1376276443165040643?s=20


Ниту еднаш од тие 29 пати не претекна друг болид.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #139 на: 29 Март 2021, 08:57:44 am »
А едно клипче да видиме и верстапен колку пати го направи ова? Пошто и на него му дозволија очигледно после радио комуникација.

Настрана хамилтон и верстапен, мислам дека мерцедес направија одлична стратегија со последниот пит стоп на хамилтон што го направија порано од очекуваното само за да не дозволат верстапен да му се приближеше толку блиску. Ова беше мислам одлучувачки зошто хамилтон победи плус момакот знае да вози.

Да го направеа последнитиот пит стоп покасно кога веќе хамилтон ќе беше претекнат, сигурно ќе завршеше втор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #140 на: 29 Март 2021, 09:41:21 am »
Феноменална трка, да не се тепаме. :
:)

Преносот на спорт клуб врвен! Сликата стакло! Коментатори џам! Трката џам! Се на се прекрасно неделно искуство!

Малку имам замерка реално за мекларените што не дадоа отпор.
За саинц што не се бореше ни секунда за место.
И некои такви ситници. Реално Ботас со круз контролот што не го изгаси цела трка требаше да го сомелат мекларените.

Жално за газли ептен.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #141 на: 29 Март 2021, 12:18:19 pm »
Цитат
Преносот на спорт клуб врвен! Сликата стакло! Коментатори џам! Трката џам! Се на се прекрасно неделно искуство!

Да, сликата одлична, којзнае што реемитувале нашиве.

Што се однесува до коментаторите, на квалификациите се измучив слушајки ги, као недоручкувани ми звучеа.

На трката применив друга стратегија, го пуштив ресиверот и се подобри малку звукот од коментирањето, но повремено многу ми маваше на вуфер гласот на еден од коментаторите, го исклучив и пораат.
Претпоставувам дека микрофоните ги држат многу блиску до устата и им го фаќа говорот од грло, фали малку баритонче.
Инаку солидно коментираа на трката, нашиве превише ја тупеа со техникалии и бирање литературни зборови (пневматици, кажи си слободно гуми :)).

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #142 на: 29 Март 2021, 12:21:52 pm »
Ќе ни фали тој збор...
Него зошто не имаше емисија, очекував да има како за тренингот. Ај можеби наредна трка.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #143 на: 29 Март 2021, 12:41:35 pm »
Цитат
Преносот на спорт клуб врвен! Сликата стакло! Коментатори џам! Трката џам! Се на се прекрасно неделно искуство!

Да, сликата одлична, којзнае што реемитувале нашиве.

Што се однесува до коментаторите, на квалификациите се измучив слушајки ги, као недоручкувани ми звучеа.

На трката применив друга стратегија, го пуштив ресиверот и се подобри малку звукот од коментирањето, но повремено многу ми маваше на вуфер гласот на еден од коментаторите, го исклучив и пораат.
Претпоставувам дека микрофоните ги држат многу блиску до устата и им го фаќа говорот од грло, фали малку баритонче.
Инаку солидно коментираа на трката, нашиве превише ја тупеа со техникалии и бирање литературни зборови (пневматици, кажи си слободно гуми :)).
Леле тоа "литературата" дур каже реченица да ти преседне. Башка филозофиите не им ги можев. Затоа и на Скај гледав порано.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #144 на: 29 Март 2021, 13:42:06 pm »
Цитат
Преносот на спорт клуб врвен! Сликата стакло! Коментатори џам! Трката џам! Се на се прекрасно неделно искуство!

Да, сликата одлична, којзнае што реемитувале нашиве.

Што се однесува до коментаторите, на квалификациите се измучив слушајки ги, као недоручкувани ми звучеа.

На трката применив друга стратегија, го пуштив ресиверот и се подобри малку звукот од коментирањето, но повремено многу ми маваше на вуфер гласот на еден од коментаторите, го исклучив и пораат.
Претпоставувам дека микрофоните ги држат многу блиску до устата и им го фаќа говорот од грло, фали малку баритонче.
Инаку солидно коментираа на трката, нашиве превише ја тупеа со техникалии и бирање литературни зборови (пневматици, кажи си слободно гуми :)).

Се вежбаа за докторат нашите.

Отсутен WastedCobe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 57
  • Alfa Romeo 159 TBi
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #145 на: 29 Март 2021, 22:56:59 pm »
Феноменална трка, да не се тепаме. :
:)

Преносот на спорт клуб врвен! Сликата стакло! Коментатори џам! Трката џам! Се на се прекрасно неделно искуство!

Малку имам замерка реално за мекларените што не дадоа отпор.
За саинц што не се бореше ни секунда за место.
И некои такви ситници. Реално Ботас со круз контролот што не го изгаси цела трка требаше да го сомелат мекларените.

Жално за газли ептен.

+1 за болдираното. Значи разлика ден/ноќ со македонскиот пренос што го имавме... Би сакал еден ден да има повторно македонски пренос но, со подобри коментатори и на соодветна телевизија што може да пренесе full HD

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #146 на: 30 Март 2021, 06:59:48 am »
Па во живо, filipv на 144п можи гледа со Арсов и Табаковски коментатори.  ::)

добро, бе, мајку му, сега треба ли да користам аргументи како да разговрам со некои конспираси теоретичари?? изгледа морам:

Ако имаше што било не ферски, ПРВИ и ќе реагираа ред бул: макси уште на радио ќе се бунеше, на прес-конференцијата си-гур-но ќе збореше за тоа, а хорнер ќе даваше онакви одмерени пасив-агресив изјави дека не било фер + најверојатно ќе поднесеше жалби до фиа... знаеш, вообичаени работи кога некој се смета за оштетен. Немаше ништо од тоа. Ништо. Ни „а“. Тоа значи дека они самите не мислат дека ина некаква „срамота“, ниту сметаат дека се на некој начин оштетени, така да не се прајте поголеми експерти од експертите.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #147 на: 30 Март 2021, 07:28:56 am »
Срамота е Хорнер да плачи кога знаат дека самите ја посраа работата. 4тиот свиок не му беше крив, ниту Хамилтон.

Инаку, шо диплома ми треба за да коментирам овде за некои нелогични работи?
На кој факултет се добива звање „експерт“, сакам да се надоградам.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #148 на: 30 Март 2021, 08:19:54 am »
Не, озбилно, нели мислиш дека ако имало нешто нефер, тогаш:

a) макси ќе се бунеше на радио
б) хорнер ќе збореше за тоа на прес (а веројатно и ќе вложеше жалба до фиа, како што тоа го прави секогаш кога смета дека има нешто нефер)
в) макси ќе збореше за тоа на прес

Немаше ништо од тоа. Нула. Зеро. Нада. Како го објаснуваш тој феномен?

Комплетно ги разбирам навивачките фрустрации, и јас со душа навивам за макси, и јас пцуев кога го пушти напред.... но навивачките страсти не би требало да ни ја одземат способноста за критичко мислење.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #149 на: 30 Март 2021, 09:14:22 am »
Не сваќаш шо сакам да кажам, џабе.

Ниту Макс го сакам ниту Хамилтон, а Ботас веќе на нерви ми оди, му го држи местото на Расел.

Моите навивачки страсти се насочени кон Рикиардо и Алонсо и она лајното од Рено.

Фала.