Автор Тема: Продавам Опел Корса 2003 1.4  (Прочитано 2486 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Продавам Опел Корса 2003 1.4
« на: 22 Декември 2020, 11:32:09 am »
Ве молам за проценка пред да ја ставам на проджба. Се работи за Опел Корса произведена 2003-та, 1.4 со 66kw, 88 коња. Ја купи на сопругата татко и од плац во Скопје така да увезена е. Возена е во Македонија последниве две и кусур години. Според борд има поминато 123611 км ама веројатно се повеќе зашто е од увоз, не би знаел да бидам искрен. Кога е купена се смени се што можеше да се смени вклучително и акумулатор. За жал сабајле не палеше па ја запаливме со кабли. Веројатно ќе треба нов акумулатор.
Вози најнормално без никакви проблеми, ќе вози уште долго време. Татко и си ја чуваше со мерак и естетски не изгледа дека е толку стара. Слики во прилог:











Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 23 Декември 2020, 15:03:22 pm Bojan j »

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #1 на: 22 Декември 2020, 11:54:33 am »
1.5 е или 1.4?

Јас разгледувам за сестра ми некоја мала кола, па ќе и ја предложам.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #2 на: 22 Декември 2020, 12:06:59 pm »
1.4, грешка имав направено во текстот. Средено.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #3 на: 22 Декември 2020, 12:32:58 pm »
Стави си цена најубо,до сеа сигурно имаш инбох 5 пораки за цена 😁

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #4 на: 22 Декември 2020, 13:23:02 pm »
Нека стои 2700 сега за сега, вака од око.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #5 на: 22 Декември 2020, 17:21:04 pm »
Иако цените за оваа класа возила се ептен надувани, би рекол гледај да го извадиш максимумот, сепак сосем пристојно изгледа. Пазарот си ја диктира цената, побарувачката е голема така што 2500 ако и извадиш е таман. Поновите Corsa D бензин/плин 2008-10 се околу 3500.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #6 на: 22 Декември 2020, 17:52:45 pm »
Се слагам, ништо не е финално и има место за договор. Ќе треба и нов акумулатор така да иде цената надоле како и да е.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1501
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #7 на: 22 Декември 2020, 18:42:29 pm »
Нашата корса д (1.3д , 2008г) ја продадов 3000 пред пола година. Регистрирана 1 месец пред продажба. Можеше уште 3-400 да и земам ама се брзав.

Што мислам дека 2500 ти е топ цена.


Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #8 на: 22 Декември 2020, 19:15:09 pm »
И Опел ја дигна цената значи...😃

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #9 на: 22 Декември 2020, 19:30:05 pm »
Ништо не е дигнато ниту паднато.

10 годишна Корса А беше околу 4000 Марки на времето ;D
18 годишната би била 2.500 Марки ;D

Таман си се.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #10 на: 23 Декември 2020, 01:16:27 am »
Не верувам дека ќе и земи повеќе од 2300.. Со оглед на тоа дека нема плин, нов акумулатор треба.. минимум 500 евра давачки а веќе за 3000 има corsa d од 2006та па навака..

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #11 на: 23 Декември 2020, 14:31:14 pm »
Абе како пресметки прајте,бравооо.
Ете стариот мој Пежото си го вози на бензин.Зошто мора плин да има?
Колата си вреди горе долу 2500-2800(зависи состојбата,вака на слики личи убаво),зависи сервис правен,гуми,дискови и сл...
Беможиш добар примерок ни да го увезеш поевтино да те фати.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проценка пред продажба- Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #12 на: 23 Декември 2020, 14:57:24 pm »
Оди на продажба за 2600. Може да се види и провози во секое време.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Продавам Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #13 на: 08 Април 2021, 16:39:19 pm »
Конечно заврши голготата со оставинската и може да се продаде. Во меѓувреме преку ноќ пукна шовершајбната, како уште не знам па се намали цената. Нова во Едел-Пром е 5500, пукнатината е една линија колку дланка долга. Видов и како стои пазарот па ја огласив за 2350 ЕУР: https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3916422 (се чека да се одобри).

Кој сака да ја види може во секое време само нека ми најави. Не е фиксна цената, може да се договориме.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Продавам Опел Корса 2003 1.4
« Одговори #14 на: 08 Април 2021, 19:46:46 pm »
Дај телефон