Значи вака.
Купувам Mercedes S класа 100000 евра, го пријавувам како рент-а-кар.
Правам поврат на ДДВ - 18000 евра.
После повратот го продавам на жена ми 1000 евра.
Плаќам 180 евра ДДВ.
Колата ја купив за 82180 евра?!
Ми нема логика вака да е.
Сите ќе увезуваа коли вака.
Закон за ДДВ
Член 16
(1) Даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие
за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност.
(2) Под надоместок во смисла на став 1 од овој член се подразбираат пари, добра, услуги и други бенефиции според пазарната
цена која ја плаќа или треба да ја плати примателот на доброто или корисникот на услугата или некое друго лице
Сака да каже дека ДДВ се плаќа на пазарната цена на колата, а не на таа што ќе се фактурира. Тоа значи во случај на контрола од УЈП, ќе направат задолжување на разликата од во случајов 1,000 ЕУР до толку што мислат дека е пазарна и пак ќе се плати целото ДДВ, плус и казна и камата.
Затоа сите не го прават ова.