Автор Тема: Ракија  (Прочитано 18032 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8687
  • Пичлеме
Одг: Ракија
« Одговори #150 на: 12 Декември 2024, 11:57:24 am »
Ти ли си тој?

Среќен роденден и на здравје.

Јас сум тој :)
Фала, родендено ми е за некој ден, ама се грижат за мене, совреме да сум снабден :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Ракија
« Одговори #151 на: 12 Декември 2024, 15:21:26 pm »
@pirat_07 bas ke me interesira da probam od vinata.

Rakiite ti se site ekstra (ne sum probal samo Amanet)

Sto znaci toa tvrda rakija?

Dali planiras za vo idnina nekoja vrsta na travarica, toa bi bilo interesno.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Ракија
« Одговори #152 на: 12 Декември 2024, 15:34:53 pm »
Дали ова од пакетчево е севда класичната? и дали винава се готови или се уште не се спремни за продажба

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #153 на: 12 Декември 2024, 16:19:05 pm »
Ја имаш пробано пред неколку години, кога го земав првиот златен медал. Ги споделив тие 20л шо останаа со вас. Од тогаш ставив поголема количина која излезе од зреење ова лето.

Аманет е уникатна, убава на свој начин.
Тврда мислам на традиционална ракија, не виски стил како другите.

Аманет е зреен со парчиња дрво од наше поднебје, и тие дрвца немаат своиства и шекери како дабот да ја она ептен легнат ракијата, и истата останува малку така тврда, традиционален шмек ракија. Но е одлична и мене лично со нашето мезе, Аманет ми лежи најмногу. Букето Аманет го има, но со контра стил од виски стил ракиите.

Во врска со вина, почнавме од оваа година, спремни се, се чека инспекторот да помине да земе мостри и да даде одобрение после анализите.

Вака стојат работите:

SAUVIGNON BLANC
ТРПЕЗНО БЕЛО ВИНО

Високо квалитетно бело суво вино, направено 100% од сортата Бел Совињон, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира златно зеленикава боја, проследено со силен карактер и интензивни ароми.

По мое кажано многу комплексно вино на ароми и јачина. Ако не се продаде брзо, ќе треба да се прихавам на лечење од алкохолизам
-------------------------------------------

CHARDONNAY
ТРПЕЗНО БЕЛО ВИНО

Високо квалитетно полу слатко бело вино, направено 100% од сортата Шардоне, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира златна боја, проследено со мек, нежен карактер и интензивни ароми.

По мое кажано, нежно кротко винце но исто комплексни и силни ароми. Двеве вина се вина кои јас два пати ги мирисам по вртење во чаша, а еднаш пивнувам.
-------------------------------------

MERLOT
ТРПЕЗНО ЦРВЕНО ВИНО

Високо квалитетно црвено вино, направено 100% од сортата Мерлот, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира вибрантно црвена бордо боја, проследено со нежен карактер, шарени цветни и овошни ароми.

По мое кажано, питко црвено вино, шаренолико на ароми и вкус, разиграно.
------------------------------------

VRANEC
ТРПЕЗНО ЦРВЕНО ВИНО

Високо квалитетно црвено суво вино, направено 100% од сортата Вранец, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира изразено силна и темна црвена боја, проследено со силен карактер и интензивни овошни ароми.

По мое кажано вино со силен карактер, рамно и суво вино проследено со убави овошни ароми, но над аромите надвладува карактерот.

-------------------------------------------

SMEDEREVKA
ТРПЕЗНО БЕЛО ВИНО

Високо квалитетно бело суво вино, направено 100% од сортата Смедеревка, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира златнo жолтеникава боја, проследено со нежен карактер и нежни дискретни ароми.

По мое кажано с и од други, мајка на вината. Мека, питка, дискретни ненападни ароми, да се изнапиеш.

------------------------------------------------------------------------

Вранецот и Смедеревката ќе одат рефус во 1.5л пластична нова амбалажа.

Вранецот, Мерлото, Совињонот и Шардонето ќе се во 0.75л стакло, брендирани.

Други информации ПП.

Благодарам.
« Последно менување: 13 Декември 2024, 14:54:29 pm pirat_07 »

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #154 на: 12 Декември 2024, 16:21:04 pm »
Дали ова од пакетчево е севда класичната? и дали винава се готови или се уште не се спремни за продажба
Да Севда класик е тоа.

Спремни се вината, етикетите не се и одобрението. То ест официјално за во кафани и дуќани, не. Ама за нас може, спремно е за нарачки и конзумација
« Последно менување: 12 Декември 2024, 16:43:55 pm pirat_07 »

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Ракија
« Одговори #155 на: 12 Декември 2024, 20:25:08 pm »
@pirat_07  mi donesoa prijateli domasna mastika gevgeliska, sum gi pomesal sisinjata, mislev deka e obicna rakija i staviv edno drvce za da dobie boja, sega gledam ima boja dobieno ama za pienje mi e strav da probam  :), ima zijan li da se pie zolta mastika?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #156 на: 12 Декември 2024, 20:59:39 pm »
Нема зијан, може само да е пореметен вкусот за некоја нијанса.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Ракија
« Одговори #157 на: 13 Декември 2024, 08:54:25 am »
Двајца пијаници си прават муабет:

- Имаш ли ти некогаш пиено лоша ракија?
- Да!
- И, каква беше?
- Па... Добра беше :)

Наравоучение, пиј жолта мастика, само гледај да е ладна :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk