Не се смејте, и југовци треба да се сервисираат.
Досегашниот мајстор во кој имав апсолутна доверба престана да се занимава со тоа од лични причини (знам кои се, но нема поента да ги наведувам). Важно, ни тој не може да ми препорача друг.
Па ми треба нормален сервис во кој ќе имам колку-толку доверба да не ме одерат (колку што можат за југо) или да се занесуваат на некој друг начин.
Најглавно сега ми е, и итно, тоа што ми го чукнаа браникот на паркинг и човекот се согласи да плати за поправка, па ако ништо друго ми треба место каде што брзо ќе го изведам тоа пред да се предомисли ако завлекувам.
Само пластичниот браник е скршен, многу мало место, но нека се направи. Па немам поим каде да барам и што да правам.