Денеска го заменив расипаниот свич за прозорците на возачката врата.

Делчето е ефтино, 17 еур го
купив, ама процедурата е зезната и сака пазење.
Ми требаше околу 2 саати комплет. За демонтажата гледав клипчиња и не е така зезнато.
Треба да се извади панелот, се држи со 2 со 2 различни штрафови, и плус жабици или како и да се викаат. Не скршив ниедна, затоа ми требаше повеќе време, не запињав на вадење.
Се откачуваат 3-4 конектори, не ја извадив сајлата за отварање на вратата, не знаев како, а на клиповите не покажуваа. Ама и без тоа завршив работа.
На крај се вади пластиката со се свичот кој е во неа од панелот, па после се менува свичот, се враќа назад во пластиката и се понатака во обратен редослед.
Е ама тука има заеб мал, на клиповите кои ги гледав (2-3) не покажуваат детално или ич како се мести панелот назад.
Пробав одозгора како што го извадив, жабиците влагаат во дупките, ама има 2 како округли рачки за фиока, и панелот има отвор кој треба да влезе странично. Пробав 2 пати, не успеав да ги наденам, а и не барав други клипови за тоа, го наместив панелот, жабиците ги притиснав, не крцка, ама јас приметувам дека не е идеално легнат панелот. Ако имам време и најдам соодветен клип која е финтата за да се намести правилно панелот ќе го средам како треба, ако не ќе си тера вака.
Не правев слики, немам толку трпение и за тоа, ама барем за вадење и промената има еден доволно клипчиња како се прави.
Ако некој го има правено овој зафат на голф 7ца нека пише искуство и како го наместил правилно панелот
