Автор Тема: Golf Sportsvan 1.0 TSI  (Прочитано 19697 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #15 на: 03 Ноември 2020, 09:42:39 am »
@Tischläufer Тоа дека во називот/името на колата стои Голф (Sportsvan ) воопшто не ме асоцираше/ни на крај памет дека станува збор за Голф, сигурно е ист просторот на задната клупа, висината на просторот внатре, багажниот простор
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #16 на: 03 Ноември 2020, 10:36:02 am »
Исти голф само "спор" (бавен) дека е голем 😃

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #17 на: 04 Ноември 2020, 14:08:14 pm »
Фала за честитките, да си купите тоа што ви прави ќеиф :)
Еве подоле и неколку фотки од внатрешноста, сонцето лошо паѓаше па затоа се такви.
Стандард голф, нема што многу да се зборува или да се паѓа во несвест.
Сеуште ги учам командите и кое каде е, ама у принцип практични се командите и не претставува некој посебен проблем за снаоѓање.
Малце ми смета што раконаслонот е низок, или па јас бев навикнат да е повисоко кај А класата што ја имав. Можеби ќе се навикнам.
Приметив андроид ауто дека се дисконетира кога (најверојатно) снемува GPS сигнал и google maps прекинува со работа. Се случува буквално на исти места кога идам накај работа. Не сум пробал дали е до кабелот, или така е очекувано да функционира.
@AUUU  должината и е 433 (435 cm), додека на Golf MK7 e 425 cm, висина 157 (161 cm), Golf MK7 145 cm
Други разлики од обичниот Голф, како што кажуваат и димензиите, и багажникот е поголем. Има 500 литри, за разлика од Golf MK7 кој има 380 литри, а пак SW има 605 литри.
Линкови:
https://de.wikipedia.org/wiki/VW_Golf_Sportsvan
https://en.wikipedia.org/wiki/Volkswagen_Golf_Mk7







Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #18 на: 06 Ноември 2020, 13:38:41 pm »
Со здравје да се вози, убаво и практично фамилијарно ауто.
Многу безгрижни километри поминати.

Ми се допаѓа тоа што има аналогна инструмент табла и многу физички копчиња наместо актуелната дигитализација на навидум едноставни функции.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #19 на: 06 Ноември 2020, 17:05:16 pm »
Има и модели со повисоко ниво на опрема со дигитална инструмент табла, но обично со 1.5 TSI мотор идеа, и далеку поскапи се од мојава кола и мие надвор од буџет, а не дека не би сакал таква инс. табла :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #20 на: 16 Декември 2020, 16:34:06 pm »
Пред недела-две ми цркна осигурачот за 12V, кога го поврзав компресорчето што ми го дадоа со колата да проверам притисок у гуми. Само што го укличив на 1, малце пушти воздух и толку. Не знам дали има врска што го правев ова со незапалена кола, мада мислам дека нема везе, туку компресорчето зезнало нешто работа. Како и да е, сменив осигурач.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #21 на: 16 Декември 2020, 18:17:55 pm »
Пред недела-две ми цркна осигурачот за 12V, кога го поврзав компресорчето што ми го дадоа со колата да проверам притисок у гуми. Само што го укличив на 1, малце пушти воздух и толку. Не знам дали има врска што го правев ова со незапалена кола, мада мислам дека нема везе, туку компресорчето зезнало нешто работа. Како и да е, сменив осигурач.

И мене компресорче ми го рикна осигурачот на Шкодата.
На Тојотата работеше доста време али сега скоро приметив дека и таму не функционира упаљачот значи и тука е капут осигурачот. Не е едно две различни компресорчиња се.
Двете отидоа у канта а ми служеа за пумпање топки на децава.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #22 на: 16 Декември 2020, 21:30:43 pm »
Па ова демек со колата иде, ваљда од фабрика, пошто нема резервна гума, има сет за репарирање и плус компресорчево. Ќе го пробам пак, со запалена кола, да видам дали пак истото ќе се деси, за да го рекламирам ако е и тоа под гаранција. Ако не, да барам друго чаре.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #23 на: 16 Декември 2020, 22:31:09 pm »
Не се пуштаат компресорчиња преку упаљач на незапалена кола...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #24 на: 17 Декември 2020, 08:05:49 am »
^

Потпишувам.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #25 на: 17 Декември 2020, 13:50:19 pm »
памет за друг пут :)

Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #26 на: 17 Декември 2020, 15:24:51 pm »
Меѓу детските седишта на задната клупа дали има простор да седне патник?
Вака од сликиве не можам да проценам баш

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #27 на: 17 Декември 2020, 15:59:45 pm »
Меѓу детските седишта на задната клупа дали има простор да седне патник?
Вака од сликиве не можам да проценам баш

Друже Голф е, не е Кадилак од 61ва ;D


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #28 на: 17 Декември 2020, 16:12:02 pm »
Да, ама седиштата се мислам како во Туран?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #29 на: 17 Декември 2020, 16:17:51 pm »
Не се како кај туран сите да се одвоени знам што мислиш, ама мислам дека се лизгаат напред назад што сепак е корисно.