здраво момци,
да ја живнам темава за паџерото малку..
после 6 години поседување мислам дека сум презадоволен од возилото. 4x4 системот е невидено добар и досега само еднаш успеав да заглавам скрос...
тоа беше на шапка нагоре по антените, каде што мислев дека е натапкан пат со снег, тоа да ти било траги од моторни санки, па штом дојдов пропаднав до без дно.. копав снег но не стигнав до земја, и ланци и 4x4 и нови mud terrain гуми не мрдна.. па ме влечеа.
на прва изгледа многу невино.. и не длабоко
освен тоа се вози сегде, се товари со се и свашта, од градежен материјал, до точачиња за на одмор.. 1
еве некое видевце низ годиниве што сум склопил..
лани купив TOYO 245/75 16 open country mud terrains, па со нив се отворија многу можности за возење по терен. (и да не заборавам ме јаде жив колку троши гориво...)
иначе предходно не возев баш, имав проблем со малку повисока температура на мотор при напор, за после години да сменам термостат и да го решам проблемот. во Макуатостар ми дале термостат со повисока точка на отварање, и не очекував дека е тоа проблем бидејки беше сменет.. па сега и тоа е средено и механички сме супер. (пу Пу ПУ)