Автор Тема: Renault Megane за почетник  (Прочитано 7927 пати)

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Renault Megane за почетник
« на: 05 Октомври 2020, 08:58:38 am »
Здраво екипа,

ова е моја прва интеракција со сите тука.

Наредна недела ја земам дозволата, и во меѓувреме се заинтересирав за Renault Megane 1.5 dci 2008,
пошто го најдов за добра цена, со регистрација и сл.

Деновиве планирам да одам да го ѕирнам и да видам дали е се во ред. Ако е се океј со електрика и мотор, го пазарам.

Би ценел ваши искрени мислења околу возилото и дали правам добар избор како за прв автомобил?


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #1 на: 05 Октомври 2020, 09:11:32 am »
@Prcot  е доктор за мегани, он што ќе каже тоа е. :D

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #2 на: 05 Октомври 2020, 09:27:43 am »
Пушти линк од возилото или дади повеќе информации.

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #4 на: 05 Октомври 2020, 10:02:00 am »
Бегај подалеку од ова.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #5 на: 05 Октомври 2020, 10:03:03 am »
Ниска потрошња и добар мотор.

Рено ко рено, цело време има некоја бубачка. Ако си пимпирлија често ке те нервира. За парите нема да купиш подобро возило.
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #6 на: 05 Октомври 2020, 10:03:31 am »
Меганот стои на оглас по оваа цена повеќе од 2 месеци што мислам дека по оваа цена ако беше здрав ќе летнеше за кратко време. Генерално ако е возен и од0ржуван ко што треба да се одржува без теслсрски активности по него, тера долго. Конкретно овој мотор е најевтин за тековно одржување од било која друга кола во класата од оваа генерација. Колата стои во кругот на сервисот на фамозниот мајстор за Рено Тахир (зборено е за него). Оваа варијанта на 1.5 дци јас ја возам исто во Рено Меган и Рено Клио, Меганот има 270 000 км без никакви интервенции по мотор.
« Последно менување: 05 Октомври 2020, 10:08:41 am Prcot »

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #7 на: 05 Октомври 2020, 10:20:12 am »
И јас тоа мислев,

ќе одам утре или задутре да видам како е возилото, ќе пробам и да ја однесам кај мој човек (мајстор) да ја ѕирне.

Иначе, планирам да ја возам две години макс, со што би ја возел максимум 2-3 пати неделно, гостивар-скопје-гостивар и некоја рута за шетање.

Ако има конкретни мали дефекти, спремен сум да ги средам, ако му ја пазарам за 2000.

Верувам дека ако била се топ би се продала за 5 минути, видејќи е од 2008.

Ќе видам на лице место што и како се врти околу количево, и ќе ве информирам.

BTW, ако имаш некој инсајдерски совет на што да пазам на прв поглед кога ќе ја пробам таму, би бил благодарен кога би го споделил.

Поздрав!

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #8 на: 05 Октомври 2020, 10:36:53 am »
Провери си во сообраќајна која година е произведена, оти често пишуваат една година плус на огласот, а кога ќе ги прашаш абе 12 месец 2007 година е. А кај го виделе тој податок не се знае :) Плус сликиве од 10 метри му се сликани, ко да крие нешто. Ако немаш искуство, земи некој со тебе уште таму да ја ѕирни, да не ја влечкаш по мајстори џабе.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #9 на: 05 Октомври 2020, 10:37:03 am »
Кога ќе дојдеш, запали ја да дигне температура. Додека крева, провери дали се во функција прекидачи, сијалички, клима, стакла и остало.
Кога ќе загрее седни и грабни ја машки, да видиш дали влече, дали чури, дали тропа, дали кочи (за ова одбери си локација, немој низ град да тестираш). Ако не си сигурен во себе за колата, однеси ја на мајстор како што кажа, немој надворешниот изглед на колата да ти пресуди, пошто да, убава е и лична, ама тоа нема да те вози.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #10 на: 05 Октомври 2020, 10:47:26 am »
Чаури на преден трап, заден трап, буфери на амортизери, воланска флет лента ако свети Check Airbag, држач на мотор горен десно, гумите се скапа димензија со овие бандаши, состојба на задни дискови (поскапи бидејќи доаѓаат со лагер) Да не меле во распон од 1500 до 2500 вртежи, ако меле можно е да има проблем со дизни, компјутерска дијагностика обавезно со оригинал Can Clip Renault со други играчки не.
Тоа би било тоа од прилика.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #11 на: 05 Октомври 2020, 10:58:26 am »
И како што спомна Прчот, оваа кола се наоѓа во кругот на сервисот на добро познатиот Тахир за кој е пишувано многу на форумов (тежок преварант). Ако го викнат него за да ти кажи бесплатен совет за колата како "овластен" сервисер на Рено, не го слушај и ако ти речи дека колата е црн Меган :D оти ќе најди начин да те закрпи.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #12 на: 05 Октомври 2020, 11:01:15 am »
@Mvrik А како за почетник да си земеш некое здраво бензинче Пунто 2, Корса Ц, овој Меганот во старт е сумњив штом е паркиран кај Тахир, плус како што кажа Прчот види ги гумите, 17 ми личат на сликата, што е поскапа варијанта за одржување, а за другите работи да не навлегуваме (мотор, подвозје, електроника). Која кола и да ја земеш ќе треба да ја доведеш во ред (голем сервис, кочници-дискови и плочки, гуми и др) и да си ги планираш тие трошоци.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #13 на: 05 Октомври 2020, 11:01:44 am »
Фала ви на све до сега,

проверив по форумов за него се, нема шанси кај него ни да помислам, ако треба до Гостивар ќе ја однесам. :))

Ќе обрнам внимание на се од горенаведеното.


Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: Renault Megane за почетник
« Одговори #14 на: 05 Октомври 2020, 11:03:31 am »
Од кај овие ни чорапи не би купил. Во комшии ми се и сите коли им се тешки кршови