Автор Тема: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi  (Прочитано 5249 пати)

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« на: 30 Септември 2020, 15:36:57 pm »
Да го претставам и моето возило, станува збор за Пежо 308 караван, 2013та година.

Има поминато околу 190000км моментално, моторот е 1.6 е-ХДи стоп-старт систем, 112 коња.

Ме служи одлично, задоволен сум, мала потрошувачка, удобна и мека вожња.

Променети каиши на околу 160ккм, редовни сервиси во ситикар и еуроимпекс на 10 до 12ккм.

Од опрема има панорама кров, темпомат, лимитер на брзина, сензор за дожд и светло, греачи на седишта, навигација, затемнувачки внатрешен ретровизор и електро-склопливи надворешни ретровизори,
лумбарна поддршка во седиштата, двозонска клима, 16ки алу бандажи, би-ксенон фарови со прскалки итн.

Богато опремена, можам да кажам дека освен кожни седишта и 17ки бандажи, ја има целата друга опрема што може да се испорача во 308.

Нешто што јас додадов беа лед светла на таблици и секаде во ентериер, меѓутоа брзо почнаа некои да трепкаат( чкарт сијалички ), па ги вратив пак обичните сијалички. Тоа е нешто што би сакал пак да сменам во наредниот период со подобри лед сијалици и можда хемиско едно да и направам, не дека не е чиста, дете возам па да биде колку може почисто.

Еве неколку слики каде се гледа моменталната состојба.














Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #1 на: 30 Септември 2020, 15:43:35 pm »
Колку троши низ скопјево со старт стоп?

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #2 на: 30 Септември 2020, 15:56:00 pm »
Колку троши низ скопјево со старт стоп?

Некаде околу 5,5 до 6,5 литра се движи. Зависи од периодот во кој се вози. Кога беше топло летоска со клима и зо зима мислам дека од прилика до 6,5 литра доаѓа.

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #3 на: 12 Октомври 2020, 16:55:41 pm »
Добра дискусија се разви на темава..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #4 на: 12 Октомври 2020, 17:22:45 pm »
Сигурно во тоа време имало жустра дебата во некоја друга тема па оваа останала незабележана ;D

Честито нека е и со здравје да се возиш :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #5 на: 12 Октомври 2020, 17:26:30 pm »
Одлично пежо,со здравје да се вози,посебно моторот е доста жилав и економичен.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #6 на: 15 Октомври 2020, 10:25:58 am »
Сигурно во тоа време имало жустра дебата во некоја друга тема па оваа останала незабележана ;D

Честито нека е и со здравје да се возиш :)
Одлично пежо,со здравје да се вози,посебно моторот е доста жилав и економичен.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Фала ви, поубави да си купите.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #7 на: 15 Октомври 2020, 10:45:05 am »
Со здравје да се вози!
Убаво опремено ауто.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #8 на: 15 Октомври 2020, 11:35:19 am »
Убав примерок  8)
Со здравје да се вози и да си поминете многу безбедни и евтини километри  ;)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #9 на: 15 Октомври 2020, 14:53:27 pm »
Ubavo kolice, karavance. Mnogu me bendisuva cockpitov na ovaa serija Peugeot.

Mnogu podobar od t.n. eye cockpit nad volan

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #10 на: 15 Октомври 2020, 16:10:18 pm »
Фала ви, поубави да купите и возите.  :)

Ubavo kolice, karavance. Mnogu me bendisuva cockpitov na ovaa serija Peugeot.

Mnogu podobar od t.n. eye cockpit nad volan

Искрен да бидам, поновата генерација ја имам возено и мене па повеќе ми се свиѓа тој кокпит.. ствар на вкус.

Нејсе.. задоволен сум како што е, никогаш не сум сакал француска кола али многу позитивно сум изненаден откако ја имам.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #11 на: 18 Октомври 2020, 17:56:39 pm »
Колку време ја имаш колата, ми беше опција (некоја година постара) пред да го земам Сеник-от, колку чинат сервисите (посебно големиот сервис ме интересира), 5-40 иде мааасло во овој мотор?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #12 на: 18 Октомври 2020, 18:45:47 pm »
Околу пола година негде ја имам, големиот сервис во еуроимпекс е точно 15672 денари.

Тотал инео ецс 5w30 му ставам, т.е тоа е од почеток ставано и препорачано и така продолжив со него.

2600 денари е уље и филтер за уље, околу 2500 денари филтер за нафта, 1500 денари за воздух и кабина.


Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 18 Октомври 2020, 18:53:53 pm Auto »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #13 на: 19 Октомври 2020, 09:28:09 am »
Толку отприлика и мене ќе ме чини големиот сервис на Сеникот, за некои 2-3 недели планирам да го правам во Виталеда. Можеби цената малку да варира во зависност од тоа дали ќе треба да го менувам антифризот, со оглед дека при промена на дихтунгот се досипаа некои 2 л, а пред тоа (пред да установам дека ми губи антифриз на дихтунг) и јас досипував некои 2-3 литри, ама ќе го проверат и ќе кажат дали е за менување
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Peugeot 308 SW 1.6 e-HDi
« Одговори #14 на: 19 Октомври 2020, 09:49:49 am »
1.5 dci е твојот?

Јас гледав сеник 3 1.5 dci пред да го земам пежото, неможев баш да најдам сочувано некое и така после подолго барање испадна 308.

Инаку само позитивни работи сум слушал  за практичност на сеник сите генерации општо и за 1.5 моторот поготово во понови години со испеглани маани.


Sent from my iPhone using Tapatalk