Чекај сега не те разбрав. Скапо ти е или не ти е скапо да смениш замаец еднаш на 200 000км?
Ами ако имам 15 000 плата, нема да возам кола со потрошни делови од по 500 евра. Ќе возам некоја кола која е многу поевтина за одржување.
Ако некој купил кола за 3000 евра која пред 10год коштала преку 20 000 еур, минималната плата ли е проблемот дека тој не можи да си купи делови за колата?
Нема потреба сите да возат ауди и бмв има и други возила.
Токму затоа го возам тоа што го возам. Не се мислам дали ќе треба кредит да подигнам за да ја одржувам колата.
Има ли дизел возило после 2000 и не знам која, без фамозниот замаец? Сите треба бензин да возат? Сите се осудени?
Сите коли, полека но сигурно, стануваат скапи за одржување. Уствари, тоа и ми беше појдовна точка на муабетот.
Како сакаш врти го - и 200 и 500 евра, кога треба да се дадат топтан, се многу, за просечен граѓанин.
Башка, со 15000 плата, кое е тоа возило што ти би го возел? Мислиш дека со 15000 ќе имаш да сервисираш се навреме и по пропис на таа кола? Се знае со таа плата дека можеш да си го дозволиш најутепаното Форд Ка, и ќе се истуриш пари фрлање по него, јер ќе биде 1997 година, а тој што ти го продал за 400 евра, го болело патка дека нешто уствари треба да се смени на колата. Дур да дојдеш до точка да ја сервисираш нормално, редовно, ќе дадеш пари колку за подобра кола од рецимо баш 3000 евра. А таа ќе има двомасен замаец, кој кошта 500 евра.
Спушти се на земја малце.