Автор Тема: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp  (Прочитано 6851 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« на: 13 Септември 2020, 12:21:47 pm »
Да ја претставам и јас колата
По многу размислување и барање на фамилијарна кола со голем багажник, одлуката пред некоја година падна на Octavia. Решен бев да биде седан баш поради багажникот, и во потесен избор беа Corolla 2010 и Rapid поради финансиите, ама  Corollata ми ја продадоа пред нос, новиот камион што им стигнаа од Бугарија беа канти тешки (за односот на вработените во тојота во следна прилика), а Rapidov ми се виде ко лименка, и остана Octaviata како логичен избор
Барав половна кола со малку км, до 80.000, видов секакви ѓубриња, ме утепаа од лажење (дури и мои блиски луѓе што продаваа коли), и на крај земав 2016 со 69000, 1.6 tdi 110 ks
Сега има округло 90000, презадоволен од комфор, вожња, и потрошувачка. Првата година ја изнавозевме на отворено, меракот беше голем, последнава година ради кризава многу малку, освен излети од 100-150км
За сега не би ја мењал, освен може за VRS 😀

Дополнување
Технички карактеристики
Мотор 1,6 TDI ; 110 KS, 250 NM
0-100 km/h...10.6 s
максимална брзина 200 km/h
багажник 590 лит
резервоар 50 литри
дискови и позади и напред

Мои впечатоци, + и -
+
убав ентериер и шалтабла, најбитно нема насаден таблет како на новите модели. нема крцкање
просторност во кабината, солидно на задна клупа (не сум се возел подолга релација позади, и не можам да оценам)
огромен багажник, и одличен пристап до него со петта врата, можеби и најголем +
добар борд компјутер, особено ми се допаѓа трите типа за мерењето на потрошувачка - since start, since refueling, long term
потрошувачка, град 6.2, отворено 4,5 (на 185 км/ч константна брзина 30 км, трошеше 5.0)
одлична за возење на автопат
при возење во град, имаш впечаток дека возиш кола со помали димензии
силата на моторот е доволна, најмногу уживам при возење на угорница, влече одлично


-
нема шеста брзина
можело да има нијанса подобра изолација
нема темпомат
позади не е прегледна, и без сензори или камера е неизводливо возење рикверц
не репродуцира видеа на екранот, само слики


« Последно менување: 14 Септември 2020, 09:18:54 am Leonid »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #1 на: 13 Септември 2020, 12:26:08 pm »
Класика. Долго да те служи, тој мотор милион километри не застанува.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #2 на: 13 Септември 2020, 12:31:30 pm »
Супер пронајдок.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #3 на: 13 Септември 2020, 13:01:08 pm »
Со здравје да ја возиш.

Ми ја нудеа во 2016 додека разгледував Спејсбек но преголема ми беше, сепак седнав да ја разгледам.
Се осеќаше дека е класа подобра внатрешноста.

Останато ми е во сеќавање дека 1.6 дизелите беа 105 коњи за баш во 2016 да ги направат 115 коњи?
Токму со 115 коњи тестирав во Спејсбек.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #4 на: 13 Септември 2020, 14:16:55 pm »
Со здравје да се вози и што побрзо да си земеш VRS.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #5 на: 13 Септември 2020, 15:07:36 pm »
Со здравје да ја возиш.

Ми ја нудеа во 2016 додека разгледував Спејсбек но преголема ми беше, сепак седнав да ја разгледам.
Се осеќаше дека е класа подобра внатрешноста.

Останато ми е во сеќавање дека 1.6 дизелите беа 105 коњи за баш во 2016 да ги направат 115 коњи?
Токму со 115 коњи тестирав во Спејсбек.
Стариот беше 105кс, па 2 години беа 110кс,па кога излегоа со поделени фарови се 115кс.
 Фала

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #6 на: 14 Септември 2020, 09:09:48 am »
Со здравје да се вози, ми се допаѓа Октавијата, нуди многу простор и комфортна вожња, во една прилика пишував дека комшијата зеде Октавиа 1,2 ТСИ со 86 кс и искрено не се чувствува дека е толку „слаб“. Секако 1,6 ТДИ е друга приказна. Тука ја зеде колата со МК сервисна историја?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #7 на: 14 Септември 2020, 09:24:29 am »
Да, сеуште беше под лизинг, му го доплатив лизингот на дечкото и остатокот расчистив со него.
Откако ја имам, сменив плочки напред одма - беа истрошени, редовни сервиси, и пред некој месец сменив и позади и рамнев дискови - тресеше при минимално притискање кочница, сега е одлично.
TSI не сум возел, и сум скептик колку има сила 1.2, иако повеќе луѓе ме убедуваат спротивно
TDI има резерва сила во секој момент да повлече при претицање, и искрено нема потреба за посилен мотор, освен за да си правиш мерак :)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #8 на: 06 Февруари 2021, 07:52:11 am »
Update:Регистрација за шкодата 10910 денари

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #9 на: 06 Февруари 2021, 09:41:20 am »
Со здравје да се вози. Баш се изненадив од цената за регистрација. Шкода e best choice за секој европеец, особено за нас балканциве.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #10 на: 06 Февруари 2021, 13:14:55 pm »
Со здравје да се вози. Баш се изненадив од цената за регистрација. Шкода e best choice за секој европеец, особено за нас балканциве.
Се вози веќе 2 години. Да се враќа поубаво

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #11 на: 03 Април 2021, 13:34:25 pm »
На 94000км ставени нови летни патики sava hp2, прв впечаток е дека не се бучни,повеќе импресии наскоро

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #12 на: 22 Август 2021, 19:20:47 pm »
Раситнета 100к

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #13 на: 22 Август 2021, 19:33:56 pm »
Збогом младости :)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Skoda Octavia 1.6 TDI 110hp
« Одговори #14 на: 21 Септември 2021, 12:05:29 pm »
Збогом младости :)
Е оти?